Светот за Нова година ќе има 6,9 милијарди луѓе
27 декември, 20100

Бројката на светското население ќе биде околу 6,9 милијарди луѓе на Нова година. Се очекува до средината на 2011 година да достигне седум милијарди луѓе. Ова го покажале податоците на Германската фондација за светско население, пренесе радио “Дојче Веле”. Според пресметките што ги направила фондацијата на полноќ на 31 декември 2010 година на нашата планета ќе има 6. 934. 196. 000 лица. Германците за пресметале дека на секоја секунда од населението во светот се додаваат околу двајца.
Извор: Нетпрес