Таблети за слабеење убиле 2.000 лица во Франција

27 декември, 20100
pilule-za-mrsavljenje-u-francuskoj-ubile_252750

Франција, околу 30 години, допуштала и субвенционирала употреба на лек за дијабетис, иако имало предупредувања дека последиците од него можно е да се смртоносни, пишува весникот “Дејли Меил“, пренесува Нетпрес. Лекот “Медиатор“, се појавил на пазарот во далечната 1976 година, а оттогаш па се’ до 2009 година, кога бил забранет, околу пет милиони пациенти го добиле на рецепт. Подоцна таблетите биле користени како средства за слабеење, бидејќи го намалувале апетитот. Истражувања докажале дека лекот го напаѓа крвоносниот состав, предизвикува замор, и здебелеување на срцевите залистоци. Претпоставките се дека до сега, како последица од конзумирање на овие таблети, умреле околу 2.000 лица, се вели во текстот на британскиот весник. Сега политичарите се под притисок на властите, зошто сиве овие години ги игнорирале предупредувањата. Францускиот министер за здравство, Хавиер Бертранд, наредил истрага за случајот, која ќе трае до средината на јануари, в година. Поранешните француски министри за здравство, Мартин Аубри и Бернард Кушнер, изјавиле дека не се сеќаваат на предупредувањата за “Медиатор“. Претседателот на Франција, Николас Саркози, минатата недела рекол дека јавноста заслужува целосна транспарентност за овој случај.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma