Поранешниот рекет број еден Пит Сампрас потврдил дека му биле украдени повеќето трофеи кои ги има освоено. Американецот изјавил дека трофеите му биле украдени од складиштето во Лос Анџелес каде ги чувал. “Губењето на овие трофеи е како да сте ја земале целата моја тенис историја од животот”, изјавил пензионираната ѕвезда за Лос Анџелес тајмс “. Американецот изјавил дека сака неговите деца да ги гледаат трофеите и апелираше истите да се вратат. Тој рече дека сакал кражбата да ја изнесе во јавноста, со цел што побрзо да му се најдат трофеите.