Улоги кои ги одбиле па се покајале

27 декември, 20100
titanic

Актерите не секогаш го прават правилниот избор. Многу актери до сега ги имаме видено во филмови, каде улогата воопшто не им одговара. Но, има и такви кои ја одбиле улогата, а потоа се покајале. Така за филот “Луѓе во црно”, улогата на Џи му била понудена на актерот Дејвид Швимер но, тој ја одбил. Улогата му била дадена на Вил Смит. Од филмот “Титаник”, главната улога Роуз, најпрво и била дадена на Гвинет Палтроу, но заради нејзиното одбивање среќата ја чекаше Кејт Винслет која заради оваа улога се здоби со бројни оскари. Филмот” Перл Харбор”, кој доживеа голем успех го пропушти Шарлиз Терон. И била понудена улогата на Евелин Џонсон, но по одбивањето ја прифатла Кејт Бекинсејл, па таа ја имаше среќата да биде во прегратките на Бен Афлек и Џош Хартнет. Од “Матрикс”, ликот Нео требал да го глуми Вил Смит, но тој ја пропуштил шансата па успехот му следел на Кијано Ривс. Од “Господар на прстените” улогата на Гандалф, најпрво му била понудена на Шон Конери но, по неговото одбивање го видовме Јан Мекелен. Во “Таксисти”, ја видовме Џоди Фостер, иако првично улогата и била понудена на Мариел Хемингвеј. “Романса во Сиетл”, романтичната комедија која доживеа голем успех ја пропушти Џулија Робертс, па на нејзино место беше Мег Рајан во друштво на Том Хенкс. Во времето кога Кери Грант ја одби улогата на Џејмс Бонд во филмот “Доктор Но”, Шон Конери беше многу малку познат глумец кој ја зграби шансата да стане мега популарен. Па така тој ја прифати улогата. Том Хенкс ја пропушти улогата на Џери во филмот “Џери Мегваер”, каде пак го видовме Том Круз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi