Валентино Роси “се качи“ на Дукатито
9 ноември, 20100

Повеќекратниот светски шампион во Мото ГП во вторникот го тестираше моторот на Дукати. Италијанецот Валентино Роси седна зад управувачот на својот нов мотор кој ќе го вози во својот нов Мото ГП тим. Италијанецот својот нов мотор го тестираше на патеката во Валенсија каде што извозе десет кругови со најдобро време од 1минута и 37 секунди. Седумкратниот освојувач на Мото ГП титулата потпиша двегодишен договор со Дукати каде влетува на местото на уште едне поранешен шампион, Кејси Стонер, кој го напушти тимот.