Валентино Роси имаше операција на рамото
14 ноември, 20100

Италијанецот Роси конечно ја направи операцијата на десното рамо, кое му беше повредено, и кое ги окупираше сите наслови за време на Мото ГП шампионатот во 2010 година. Операцијата траела два часа во болницата Cervesi di Cattolica, во саботата на 13 ноември, а причина за повредата датираше уште од 15 Април оваа година на мотокрос тренинг. Хирурзите советуваат брза и нормална рехабилитација од 90 дена. Поранешниот возач на Јамаха треба да биде пуштен од болница денес.