Тригодишната Ванеса Мамани од Флоренцио Вареле во близина на Буенос Аирес паднала во бунар длабок 23 метри и цели шест часа чекала некој да ја спаси. Откако спасувачката екипа ја извлекле на површината, во состојба на шок веднаш била пренесена во болница. Претседателката на Аргентина Кристина Киршнер спасувањето го опишала како чудо. “Откако ја извадија од бунарот девојчето врескаше како при раѓање“, рекла Киршнер пред новинарите во болницата.
Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk