ВИДЕО:Тригодишно девојче извлечено без повреди по пад во бунар
17 ноември, 20100
Тригодишната Ванеса Мамани од Флоренцио Вареле во близина на Буенос Аирес паднала во бунар длабок 23 метри и цели шест часа чекала некој да ја спаси. Откако спасувачката екипа ја извлекле на површината, во состојба на шок веднаш била пренесена во болница. Претседателката на Аргентина Кристина Киршнер спасувањето го опишала како чудо. “Откако ја извадија од бунарот девојчето врескаше како при раѓање“, рекла Киршнер пред новинарите во болницата.
Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk