Викиликс недостапна на интернет

2 декември, 20100

Интернет страницата Викиликс од доцна синоќа е недостапна откако американската фирма која го сервисира сајтот на Викиликс соопшти дека таа е под масовен напад од хакери, јавуваат медиумите во САД. Компанијата ЕвриДНС.нет (EveryDNS.net) соопштиле дека “го прекинале“ сервисирањето на Викиликс бидејќи нападите ќе ја “загрозат стабилноста“ на серверите на компанијата кои опслужуваат уште 500.000 други интернет страници. Викиликс во изминативе неколкудена непрекинато објавуваше доверлици дипломатски дописи од амбасадите на САД до Вашингтон кои предизвикаа гнев и повици основачот на интернет страницата Џулијан Асанж да биде обвинет за шпионажа во САД. Исклучувањето на Викиликс од ЕвриДНС.нет дојде откако Амазон.ком соопшти дека ја исклучуваат страницата од нивните сервери бидејќи Викиликс со објавувањето на документите ги прекршиле правилата и “не ги поседувале или на друг начин контролирале сите права на оваа класифицирана содржина“. Викиликс објави порака на сите социјалната мрежа Твитер барајќи финансиска помош.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi