Вилсон: Во Лисабон пропуштена можност за членство на Македонија

1 декември, 20100

Во завршното коминике од самитот во Лисабон беше повторено кажаното од претходното во Букурешт пред две и пол години, дека Македонија ќе стане членка на НАТО кога ќе го реши проблемот со името.

Дејмон Вилсон, потпретседател и директор на програмата за меѓународна безбедност во Атлантскиот совет во Вашингтон, за Гласот на Америка на македонски јазик коментира: “Разочарувачки е што беше пропуштена можноста. Ова прашање може да се реши во секое време, но еден самит дава поголем политички момент, набој, внимание на тоа. Ќе беше добро за самата Македонија, но и за сигналот – дека проширувањето на НАТО продолжува“. Поуката од Букурешт и Лисабон е дека САД и другите големи сили не можат да помогнат да се реши проблемот со името, наведува Вилсон, но додава дека Вашингтон и натаму треба да ги охрабрува обете страни да постигнат решение.
“Моето искуство е дека кога ќе се потпреме на Атина да се постигне решение, немаше успех, напротив – веројатно беше контрапродуктивно. Извлековме поука дека Скопје и Атина треба заедно да седнат на маса и да најдат решение. Тоа не е забавно, не е добра вест што Македонците сакаат да ја слушнат, но за жал таква е реалноста денес“, вели Дејмон Вилсон. Дали може да се очекува други земји-членки на НАТО и ЕУ да извршат притосок врз Грција да не го блокира членството на Македонија? “Во пракса, не. Грција е членка на двата клуба и има право на вето. Неправедно или не, се согласувате или не, но, за жал, таква е реалноста. Ако Македонија гледа во други земји да иж го решат проблемот – таму не е решението“, коментира Вилсон. Решението е на преговарачка маса со Грција, дециден е аналитичарот од Атлантскиот совет.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi