Високите потпетици, опасни по здравјето

7 ноември, 20100

Трендот на носење високи потпетици не е безбеден, предупредуваат лекарите. Повеќе од три милиони жени добиле лекарска помош, велат експертите. Една студија спроведена врз 3000 жени во Велика Британија, покажала дека страста за атрактивни, но тешко носливи штикли може да има сериозни поседелици по здравјето. Петина од жените имале проблем со тетиви или повреда на зглобовите, третина пак од нив се оние кои не успевале да се задржат долго на потпетици и паднале на лице или скржиле рака додека се обидувале да го ублажат падот. Неверојатно е колку многу болка и непријатност може да издржи една жена само за добар пар чевли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *