Внимателно со лековите

2 декември, 20100

Некогаш, со самото земање лекови може да се добие спротивниот ефект. Секоја година 1,5 милион луѓе се тешко повредени или затруени како резултат на грешки при земање лекови, а 100.000 умираат. Ова се најчестите грешки при лечењето, кои можат да предизвикаат смрт.
– Збунувачки лекови со слични имиња. Тоа може да се случи било каде во синџирот на пренос. Нечитлив ракопис на лекарот, погрешно внесено име во копјутер при купување на лекот. Според резултатите од статистичките податоци 25% од смртните случаи како резултат на земање погрешен лек се должи на овој тип на грешка.
– Земање на два или повеќе лекарства кои еден на друг си го зголемуваат несаканото дејство. Ако земате еден лек што има пропратен ефект за зголемување на крвниот притисок, потоа земете втор лек со ист можен ефект, вашиот крвен притисок би можел драстично да се покачи и сето тоа фатално да заврши.
– Предозирање со комбинација од повеќе лекови кои го имаат истото својство. Доколку имате еден лек препишан за лекување на болка, уште еден препишан за вознемиреност, и земете апче за спиење, тогаш се постигнува ефектот кој има поразителна функција на централниот нервен систем.
– Мешањето на алкохол со лекарствата. Мешавината на алкохол и одредени антидепресиви, има потенцијал опасно да го покачи крвниот притисок, додека алкохолот и седативите можат да ги успорат отчукувањата на срцето, доволно за да го стави лицето во кома.
– Не разбирањето на интеракцијата помеѓу лековите и исхраната. На пример лицата кои имаат проблеми со анемијата и за тоа примаат терапија, не им се препорачува да пијат кафе пред земањето на лекот, бидејќи кофеинот го исфрла железото, при што невозможно е организмот да зачува нешто за себе. Но, тоа неможе да доведе до поразителни ефекти како што тоа го прави сокот од грејпфрутот. Сокот од грејпфрут го инхибира клучниот ензим кој е потребен за делотворност на лекот кој се користи за намалување на холестеролот. Неуспехот, да се прилагодат дозите на лекови со храната може да доведат кај пациентот да ја изгуби функцијата на бубрезите или црниот дроб. Губењето на црниот дроб или бубрезите ја нарушува способноста на вашето тело да се ослободи од токсините, или другите штетни супстанци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi