Во Хонг Конг прв случај на птичји грип по 2003-та

17 ноември, 20100

Педесет и деветгодишна жена од Хонг Конг е во болница во тешка здравствена состојба поради птичји грип. Ова е прв случај на птичји грип што е дијагностициран по 2003-та година. Жената се разболела по патување во внатрешноста на Кина, но се уште не се знае дали се заразила во текот на патувањето или дома. Болницата во Хонг Конг во која е примена известила дека постои можност од епидемија на грипот. Според податоците на Светската Здравствена Организација низ светот од 2003 година се појавиле 500 случаи на птичји грип, од кои 302 починале.

Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *