“Фејсбук“ се здружува со “Скајп“?!

9 март, 20110
mark-zuckerberg-facebook
Светски најголемата социјална мрежа “Фејсбук“, почнала преговори со компанијата “Скајп Технолоџис“, околу давање на услуги на видео повик на своите 500 милиони корисници, објави американската телевизија “Блумберг“, пренесува Нетпрес.
Видео повиците меѓу пријателит ена “Фејсбук“, за прв пат беа предмет на преговори на двете компании уште лани, се вели во информацијата. Со тоа што корисниците на интернет просторот се’ повеќе практикуваат разновидни начини на комуникација, “Фејсбук“ постојано додаваше се’ повеќе опции и можности корисниците да останат во меѓусебен контакт. Додавањето на опцијата за видео повик би ја зголемило конкурентноста со “Ејпл“ и со “Гугл“.
Дури 41 отсто од сите повици на интернет, во втората половина лани, ги имале корисниците на “Скајп“, објави таа компанија во јануари, годинава. “Скајп“, чие седиште е во Луксембург одлучи своите акции да ги понуди и на јавниот пазар.

“Минатата година најавивме интеграција, за луѓето да би можеле да бидат во постојан контакт со своите пријатели, да ги повикаат, или да им пратат порака преку ’Скајп’“, наведено било во соопштение од “Фејсбук“.
Џенифер Цукин, портпарол на “Скајп Технолоџис“, одбила да даде било каков коментар.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi