“ИРА Вистинска“ се закани со убиства на британски полицајци

26 април, 20110
t
Северноирската републиканска милитантна организација “ИРА Вистинска“ се заканила дека ќе убива британски полицајци, а на кралицата, која идниот месец планирано е да ја направи својата историска посета на Северна Ирска, и’ порачала дека не е добредојдена на ирско тло.
Викендов полицијата во Северна Ирска значително ги заислила безбедносните мерки бидејќи е убдена во сериозноста на заканите за убиства на полицајци.
“Ира Вистинска“, во 2009 година уби двајца британски војници, а сега најави дека ќе напаѓа полицајци “без оглед на нивната вероисповед, културно потекло или мотиви“. Последните напади беа насочени на новоформираната католичка полиција која сега е 30 отсто од полицијата во таа британска покраина, каде некогаш сите полицајци беа протестанти.
Вчера, маскиран маж, кој се претставил како припадник на “ИРА Вистинска“, дал изјава пред камери на Би-Би-Си. Тој ги повикал сите ирски националисти да почнат протести против кралицата Елизабета, и на тој начин да го изразат незадоволството против првата посета на британски монарх откако Ирска се избори за независност од Велика Британија во 1921 година.
“Англиската кралица е барана поради воени злосторства во Ирска и не е добредојдена на ирско тло. Ќе сториме се што можеме таа и нејзините навивачи да ја добијат пораката“, рекол маскираниот припадник на “ИРА Вистинска“ на собирот, вчера, на гробиштата во Лондондери, по повод востанието против британските власти на Велигден 1916 година.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi