“Лапна” Карлеуша “тортица” од пола метро:) и тоа “у црвеној боји”:)

18 август, 20110
jk

Јелена Карлеуша, минатата ноќ  во “Кафе кафе” го прослави 33 –тиот роденден. Во црвен амбиент и торта во истата боја, ЈК ги дочекала гостите, облечена во тиркизен фустан, од последна мода се разбира! За жал нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ не присуствувал на нејзината забава. Тој е во карантин, бидејќи неговиот клуб Црвена ѕвезда денес игра на француската Reno.

Можеби Јелена го прослави роденденот без маж, но сите останати биле присутни.

Потполно очекувано, прва се појавила нејзината мајка Дивна Карлеуша, по кратко време и нејзиниот татко Драган. На прославата се појавил и претседателот на Лигата на Социјалдемократите од  Војводина, Ненад Чанак, со две придружнички.

Овој спектакуларен роденден не го пропуштиле ни оние на кои ЈК им пружа голема подршка, геј активистите. Од колегите од естрадата присуствувале Индира Радич, Саша Матич, Ена Попов, Дуња Илиќ, Бојана Стојковиќ…Се надеваме одлично се забавувавте..СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЈК!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit