“Падна“ првaта жртва на францускиот закон за забрана за носење бурка

11 април, 20110
francijaA
Првата жртва на францускиот закон за забрана за носење бурка, денеска во Париз беше Кенза Дридер, јавија француските медиуми, пренесува Нетпрес.
“Тоа не беше чин на провокација. Само ги користам свите граѓански права и не правам кривично дело. Ако ми побараат документи за идентификација, ќе ги добијат без проблем“, изјавила Дридер.
Париската полиција сепак тврди дека таа не е уапсена поради носење бурка, туку затоа што учествувала во нелегален протест насочен против стапувањето на спорниот закон во сила. Група жени од исламска вероисповед денеска протестирале пред катедралата Нотрдам во Париз, против новиот француски закон.
Франција е првата европска земја, која забрани носење на бурка. Според законот, оној што ќе ја прекрши забраната, ќе биде казнет со 150 евра и ќе мора да посетува курс за граѓанско однесување. Оние, пак, кои ги тераат жените да носат бурка, ќе бидат казнети подрастично, со затворски казни во траење до две години. Било која жена, без разлика дали е родум од Франција, или е странец, може да биде сопрена на улица од полицијата и да биде казнета за носење бурка. Полицијата добила инструкции да не им ги симнува на улица бурките на оние кои ќе бидат фатени, туку да ги придружува до полициска станица, каде ќе им биде наложено сами да ги отстранат.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi