Според објавеното, дипломатските депешеа покренуваат нови прашања за учеството на Велика Британија во војната во Ирак. Документираните средеби меѓу министри и претставници на нафтените комапнии им противречат на официјалните соопштениија и изјави на западните власти, но и на нафтените компании, дека во тоа време немале никаков интерес од воената операција.
Во текстот се наведува дека од материјалите станува јасно оти во Oктомври и во Ноември 2002 година, имало најмалку пет средби меѓу членови на владата и на тогашниот британски премиер, Тони Блер, со високи претставници на “Бритиш Петролеум“ и на “Ројал Дач Шел“.
Пет месеци пред инвазијата во Ирак, Елизабет Сајмонс, тогашен министер за трговија на Британија, им рекла на “Бритиш Петролеум“ дека според владата, британските енергетски фирми би требало да добијат дел од огромните ирачки нафтени и гасни извори, како награда за согласноста и поддршката за Блер, Велика Британија да учествува во плановите на САД за уривање на режимот на Садам Хусеин. “Бритиш Петролеум“ тогаш тврдеше дека “нема стратешки интерес“ во Ирак. Но, дипломатските документи откриваат дека во одделни тајни разговори оваа компанија на средбите со претставници на британското министерство за надворешни работи соопштила дека “Ирак е поважен од се’ “.
Тогашниот директор за Блискиот Исток во британското МНР, Едуард Чаплин, на една од средбите во есента 2002 година рекол: “Шел и БП не можат да си позволат да не земат дел, од гледна точка на нивната иднина на долгорочен план“. Во друг документ, претставници на британското МНР рекле дека “БП очајно се стреми да се појави таму, и има силна желба политичките зделки да не го лишат од таа можност“, пишува “Индипендент“.
Извор: Нетпрес