„London Look“ – или класиката од 60-те

8 ноември, 20110
1

Модата и убавината секогаш биле инспирирани од минатото, особено од оние палави, соблазнителни и женствени силуети од 60 –те, во чија чест дизајнерите од целиот свет црпат инаспирација за своите колекции за 2012 година.

Минималистичкиот класицизам денес ни сервира нов модерен изглед. Мери Куант, Џеки Кенеди и Џејн Биркин се само дел од имињата што го поведоа светот по нова патека на модата и убавината.

Во тоа време шминката и стилот биле малку поразлични од денес. Постоел закон шминката да се комбинира со фустанот, косата да се оформува по определен начин и секогаш очите да бидат исцртани со дебела црна линија.

Сите британки се поистоветувале со познатиот карактеристичен изглед на Твиги, макар што ваквиот изглед е несоодветен за секојдневието дури и комичен.

И така шминката во 60 –те беше посветена на темните очи и матираните усни. Се е црно и бело, боите во шминката биле реткост. Сега да погледнеме како изгледа стилот на 60 – те низ призмата на 21- ви век:

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *