Слаба и стегната, спремна за секс 24/7, домаќинка за пример, добра мајка…дали воопшто мажите знаат што сакаат од една жена?
Во Англија беше спроведено истражување во кое беа анкетирани 3000 мажи, на темата каква е според нив идеалната жена.
75% од мажите сакаат нивната жена да се грижи за својата тежина и да го запази стегнатото тело. Освен тоа мечтата на речиси сите анкетирани е жената да печали добро, дури повеќе од нив, но истовремено да биде дома со децата, да го одржува домот во ред, да е насмевната, спокојна и полна со разбирање.
91% сакаат жената да биде спремна за секс по секое време од денот и на секое место, да умее да се приготви за излегување само за 10 минути и да има раскошни долги коси.
Што се однесува на интелектуалниот развој на жената, многу мал процент од мажите се интересираат за тоа. За нив било поважно таа да е насмевната и со добро чувство за хумор.
One comment
Eva
9 ноември, 2011 at 19:41
Реченицата “Што се однесува на интелектуалниот развој на жената, многу мал процент од мажите се интересираат за тоа.” е во тотална контрадикција со “Освен тоа мечтата на речиси сите анкетирани е жената да печали добро, дури повеќе од нив,…” Не знам некоја ниско интелектуална професија која носи добра печалба…можеби мажите знаат 🙂