Натка се вработила на факултет!!? Ајде и ова чудо да го видиме:)

9 ноември, 20110
natasa_bekvalac_4

Иако беше најавувано дека поп звездата Наташа Беквалац ќе стане заштитно лице на приватниот универзитет во Белград “Мегатренд” , таа неодамна стана вработена во таа установа.

Русокосата Новосаѓанка, која инаку и студира на Мегатренд, добила понуда од ректорот Мича Јованович, за работа во секторот маркетинг и односи со јавност.

Меѓутоа, затоа што јавноста не била запознаена со фактот дека пејачката добила работа на факултетот, студентите биле многу зачудени кога ја виделе Беквалац како ги проаѓа деновите трчајки од една во друга во канцеларија.

-Точно е дека Наташа е вработена на универзитетот Мегатренд. Таа е трета година на студиите на факултетот за култура и медии. Со самото тоа, и овозможив да работи тука, како би учела од постарите и поискусни колеги кои веќе се магистри во маркетинг и односи со јавност. Инаку, поради работата со која се занимава, Наташа мора три пати неделно да дојде на работа и да ја одработи одредена сатница предвидена во договорот. Вработените кои работат со неа тврдат дека таа одлично се снаоѓа во работата и дека резултатите се видливи, заклучил професорот Јованович , а пејачката изјавила дека е задоволна со работата.

-Големо задоволство и чест е да се работи на универзитетот “Мегатренд”. Ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата која ми ја укажа професорот Јованович и убедена сум дека ќе успеам во тоа, додала Беквалац.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi