„Проститутките“ во Берлин парадираат под паролата: „Изгледот на жената не е изговор за силување“

popara17 август, 20111min00
00

Во Берлин се организирала парада на која бил искажан револтот од страна на демонстранките, кои сами се нарекуваат „проститутки“, против секаква форма на насилството врз жената. Голи и полуголи жените учествувале во таканаречениот „Slutwalk“ кој за прв бил одржан во Торонто, а потоа е проширил низ целиот светот. До протестите дошло кога полицаец од Торонто им порачал на жените дека сексуалното насилство не би било во голема мера „доколу жените не се облакаат како проститутки“.

Се разбира дека оваа изјава многу ги вознемирила жените кои организирани преку парадата порачуваат дека изгледот и начинот на облекување на секоја жена не е изговор за силување, насилство и сексуална злоупотреба. „Доста ни е живот во систем кој го намалува значењето на сексуалното насилство и злоупотреба. Во општество кое не само што ги оправдува ваквите насилни работи, туку ги обвинува жртвите “, порачале учесничките на оваа „Парада на проститутките“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag