10 интересни факти за Јупитер

11 јули, 20110
rings_jupiter_1280_960

Универзумот е големо и мистериозно место со безброј галаксии и ѕвезди. Планетите во нашиот Сончев Систем се уникатни и различни една од друга. Јупитер на пример, е извонредна планета со многу изненадувачки факти.
10.  Локацијата и големината на Јупитер
Јупитер е пета по ред планета од сонцето и е лоцирана помеѓу Марс и Сатурн. Доколку мислите дека Земјата е голема тоа не е ништо во споредба со Јупитер, која е најголемата планета во нашиот Сончев Систем. Јупитер е всушност 1300 планети Земји по големина. Гравитацијата на Јупитер е за два и пол пати посилна од таа на Земјата, што значи ако некој тежи 100 кг на Земјата, на Јупитер би тежел 150 кг. Масата на Јупитер е 317 пати поголема од таа на Земјата и е за два и пол пати потежок од вкупната маса на останатите планети заедно.


9.  Потеклото на името Јупитер
Името Јупитер доаѓа од богот во римската митологија, кој претставува всушност главниот бог, што и објаснува од каде е дадено името Јупитер за најголемата планета со нашиот Сончев Систем. Јупитер е синот на Сатурн, братот на Плутон и Нептун. Четирите најголеми месечини на Јупитер се наречени според неговите љубовници Ио, Еуропа, Ганимеда и Калисто.


8.  Осум влесенски летала го имаат посетено Јупитер
Тие се: Pioneer 10, Pioneer 11, Voyager 1, Voyager 2, Galileo, Ulysses, Cassini-Huygens и New Horizons. Pioneer 10 бил лансиран во 1972 година и е првото вселенско летало што ја посетило планетата. Pioneer 10 и 11 ја посетиле планетата во 1973 и 1974 година, потоа Voyager 1 и 2 во 1979 година. Во 1992 година, шестнаесет месеци по полетувањето од земјата, Ulysses го посети Јупитер. Galileo било првото летало што кружело околу орбитата на Јупитер во 1995 година. Cassini-Huygens прелетал покрај Јупитер, на пат накај Сатурн во 2000-та година. New Horizons исто така прелета покрај Јупитер на пат накај Плутон во 2007-та година. Уште едно вселенско летало е испланирано за посета на Јупитер, кое треба да биде лансирано во август годинава и се очекува да го посети Јупитер во август, 2016 година.


7.  Јупитер може да се види со голо око
Кога гледате во ноќното небо, Јупитер е третиот најсветол објект. Венера и нашата месечина се другите два најсветли објекти.


6.  Јупитер поседува најмоќно магнетно поле
Научниците тврдат дека моќното магнетно поле на Јупитер (14 пати помоќно од она на Земјата) е создадено од движењето на метален хидроген кој се наоѓа длабоко во планетата. Магнетното поле фаќа јонизирани честички од соларниот ветер и ги забрзува до брзината на светлината. Како резултат на тоа, честичките создаваат радијација околу планетата и секое летало кое ќе се приближи поблиску до планетата се здобива со екстензивна штета.


5.  Ротирањето и орбитата на Јупитер
Јупитер е планетата кој најбрзо ротира во нашиот Сончев Систем. Потребни се во просек 10 саати за планетата да комплетира целосна ротација, додека, потребни се 12 години за да орбитира околу сонцето.


4.  Планетарните прстени на Јупитер
Јупитер има 4 прстени. Главниот прстен на Јупитер е од прашина останата од метеороиди кои се судриле со неговите месечини. За разлика од резултатите кај Сатурн, кај прстените на Јупитер нема траги од мраз.


3.  Бурите на Јупитер
Бурите на Јупитер и Земјата имаат некои сличности. Бурите на Јупитер обично не траат долго, но поретко може и да се случи бурата да трае повеќе месеци. Бурите на Јупитер се карактеризираат со громови кои се многу посилни од тие на Земјата и ветер кој се движи со 170 m/s.


2.  Јупитер има многу месечини
До сега Јупитер има 63 потврдени месечини. Четири масивни месечини, наречени “Галилејски месечини”, се откриени назад во 1610 година од Галилео Галилеј. Тие се: Ио, Еуропа, Ганимеда и Калисто. Ганимеда е најголемата месечина, со дијаметар од 5,262 км, која е поголема и од планетата Меркур, но масата и е помала за пола. Друга интересна месечина е Ио, која се карактеризира со вулкани, езера од лава и огромни планини. Повеќето месечини на Јупитер се помалку од 10 км во дијаметар.


1.  Големата Црвена Точка
Во 1665 година астрономот Џовани Касини прв ја идентификуваше “Големата Црвена Точка”, кај Јупитер. Точката изгледа како огромен ураган, кој бил измерен и изнесувал 40,000 км во дијаметар. Сега таа изнесува половина од тие димензии. Дивите струења на планетата, заедно со моќните ветрови, предизвикуваат многу бури и светлини (слични на “Големата Црвена Точка”).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi