10 мали работи кои ќе ви го направат животот поубав само за 10 или помалку минути

popara6 ноември, 20111min00
01

Вообичаено потребно ни е многу повеќе за да го промениме нашето расположение отколку што ние сме подготвени да одвоиме. Еве десет работи што можете да ги направите за десет или помалку минути, а ќе имаат позитивен емоционален ефект врз вас и врз оние што ги сакате.

1. Гледајте го “Последното предавање” од Ренди Пош. Ова може да бидат вашите најдобри десет минути кои некогаш сте ги поминале и вложиле пред компјутер.

2. Потрошете малку време гледајќи го зајдисонцето со вашата љубов. Ништо посебно не е потребно. Само да седнете и да земете дел од природната убавина од небото и да ја цените можноста што сето тоа го споделувате со личноста која што ја сакате.

3. Седнете тивко и медитирајте. Не е важно каде и кога. Нека вашите чувства се зголемуваат како меур и оставете ги вашите мисли да течат надвор од вашиот ум. Расчистувањето на главата и срцето ќе ви даде дополнителна енергија.

4. Напишете писмо со “благодарам“до вашата сакана личност. Кога последен пат сте се заблагодариле на вашиот партнер за она што е и што ве сака само вас? Правејќи го тоа во писмена форма ќе му даде на вашиот партнер нешто кон што ќе гледа со огромна доза на нежност до крајот на неговиот живот.

5. Разгледајте го вашиот албум со стари слики. Ќе се потсетите на убави моменти, а можеби ќе почувствувате мала меланхоличност за деновите кои поминале.

6. Играјте си со мали деца. Повеќето деца ќе ви го одвлечат вниманието; само со десет минути вие ќе им го разубавите нивниот ден. Ова дружење ќе ви помогне да останете во контакт со детето во вас.

7. Визуелизирајте го или замислете го позитивниот исход за било кое прашање. Лекарите препорачуваат визуелизација од страна на пациентите со хронични и потенцијално фатални болести. Ако може да им помогне нив, сигурно може и вам.

8. Отидете во кревет со лицето кое го сакате десет минути порано од вообичаеното. Потоа, искористете го ова време само да се држете за раце и да се гледате во очи. Нека чувството на топлина од саканата личност помине низ вас.

9. Погледнете се во вода. Истражувањата покажуваат дека пациентите кои можеле да го видат своето тело во вода, оздравеле многу побрзо – дури 30% побрзо. Доколку не живеете во близина на брег или езеро, обидете се да се видите во вашето купатило. Тоа, исто така може да ви помогне.

10. Движете го телото. Започнете да играте и да го движите вашето тело на вашата омилена музика или само на звуците во вашата глава и почувствувајте ја радоста. Трчајте, пешачете, возете велосипед и ќе почувствувате задоволство, а сигурно ќе живеете подолго и поздраво.

За жал, многу луѓе ја мерат својата среќа во минутите колку што траела. Вистината е дека неколку минути од радост сега и подоцна можат да направат голема разлика во она што го добивате од животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag