10 најголеми секс афери

20 јуни, 20110
83FAA4EBD9FA333DF3020FDB47016

10. Итан Хоук и Рајан Шоухјуџс
Рајан била дадилка кај познатиот брачен пар Ума Турман и Итан Хоук. Иако дадилката и Итан тврделе дека немало ништо меѓу нив, медијумите поинаку прикажувале. Ума Турман пак, запрашана во шоуто на Опра дали имало некакво неверство во нејзиниот брак, одговрила? Имаше такво нешто на самиот крај. Итан и Рајан по разводот на Итан со Ума сеуште се во брак.


9. Коби Брајант
Проблемите на познатиот кошаркар заполнале на 1 јули 2003 год. Со оптужница дека силовал рецепционерка во еден луксузен хотел. Асот на „Лејкерси“ се бранел дека се било на доброволна база и дека е виновен само за прељуба. Неговата сопруга ванеса застанала во негова одбрана велејќи дека верува во неговата невиност, што се однесува до силувањето. Што се однесува пак до прељубата, најверојатно прстенот со осумкаратен дијамант, кој го добила утредента после нејзината изјава и помигнал да го прости неверството.

8. Дејвид Бекам и Ребека Лос
Ребека Лос, викана „секси сењорита“, ги здрма медиите во април 2004 год. Кога во јавноста се слушнало за нејзината наводна врска со Дејвид Бекам, Иако никогаш немало доволно докази дека нив нешто се случило, самата Ребека, која тогаш била лична асистентка на Дејвид, давала изјави дека имаат афера и дека се заедно. Но, опасната Викторија застанала на страна на сопругот и јавно ја опсипала Ребека со епитети од типот „лажлива крава“


7. Хју Грант и Дивајн Браун
Срцата на голем број обожавателки, како и на долгогодишната девојка Елизабет Харли, беа скршени кога Хју е фатен во компромитирачки пози со проститутката Дивајн Браун. Покрај непријатниот факт што поради краткотрајното уживање остана без Елизабет, Хју зарабори и тужба за недолично однесување во јавност.


6. Тајгер Вудс и Рејчел Ухител
Најпознатиот голфер на светот се најде на удар на јавноста кога се прочу дека ја изневери преубавата сопруга Елин со менаџерката на ноќен клуб Рејчел Ухител. Набрзо скандалот попримил се поголеми размери со пријави на нови љубовници, по што следело напуштање на Елин земајќи ги децата со себе. Вудс со месеци и се извинувал на Елин и молел таа да се врати, по што таа попуштила и сега се трудат да се помират и заборават.


5. Џад Ло и Дејзи Рајт Сиена Милер
Џад ја изневери преубавата Сиена Милер со која беше во врска од 2006 со Дејзи Рајт, нивна дадилка. За разлика од повеќето прељубници, Џад ја призна својата грешка, но тоа не помигна убавата  Сиена да му прости, така што веридбата беше раскината.


4. Бред Пит и Анџелина Џоли
Најпознатиот љубовен триаголник на светот Бред Пит-Џенифер Анистон- Анџелина Џоли. Иако Бред никогаш не призна дека ја изневерил Анистон, сите факти укажуваат на тоа. Овие двајца се сплеткале на снимање на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, додека Бред беше сеуште во брак со Џенифер. По нивниот развод, триаголникот го изгуби својот агол, но сегашниот пар има свои проблеми, така да е постојано во „магичен“ триаголник.


3. Џон Кенеди и Мерлин Монро
Се уште постојат недоумици да ли за смртта на Мерлин одговорност сноси некој друг, или сепак е во прашање само нејзината нестабилна личност. Ова секако, ќе остане вечна мистерија. Никој никогаш не дознал што и како навистина се случувало меѓу Џон Кенеди и преубавата Мерлин Монро, но засекогаш ќе остане во сеќавање сцената кога Мерлин, прилично пијана му ја пее роденденската песна на Кенеди. Се верува и дека токму после и поради тоа тој ја раскинал врската со неа.


2. Принц Чарлс и Камила Паркер
Венчавката на Принцот Чарлс со Дајана очигледно не беше пречка тој да ја продолжи својата врска со Камила Паркер. Озборувањата се потврдиле со разводот на овој кралски пар во 1992 год. Подоцна, по смртта на Дијана Принцот Чарлс и Камила Паркер се венчаа.


1 Бил Клинтон и Моника Левински
Аферата „Левински“ започнала 1998 год и е заслужна за „падот“ на Клинтон и покрај тоа што на суд не е докажано дека овие двајца имале сексуални односи. Неколку години подоцна, клинтон признал дека лажел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi