Топ 10 композитори

20 јуни, 20110
Топ 10 композитори

Има стотици композитори на класична музика, но низ времето, некои се докажале како навистина исклучителни. Новините кои ги вовеле и нивниото влијание се неизмерни. Познати се низ целиот свет и нивната музика е свираена и сакана од милиони луѓе веќе стоици години, а така ќе биде и во следните стотици кои доаѓаат.
Лудвиг Ван Бетовен
Кој не ви се согласил дека Бетовен е еден од најпознатите композитори на класична музика на сите времиња. Бетовен е роден во Бон но живеел во Виена. Негови најпознати дела се Деветтата симфонија, во која спаѓа Одата на радостта и Петтата симфонија, која е препознатлива по дрматичниот почеток. Интересно е дека Бетовен на 28 гоишна возраст го изгубил слухот, но тоа не го спречило да ги компонира своите најдобри дела. Умрел 1827 година.

Волфганг Амадеус Моцарт
Моцарт бил “вундеркинд”. На 6-годишна возраст, тој свирел пред публика и заедно со сестра си настапувал пред кралските фамилии низ Евриопа. Моцарт има напишано многу познати дела меѓу кои и Реквемот, како и оперите Волшебната флејта и Свадбата на Фигаро. Големиот гениј починал од непозната болест и бил закопан во масовен гроб во 1791 година.
http://www.youtube.com/watch?v=GT7_Y1pIBb4

Јохан Себастијан Бах
Јохан Себастијан Бах го минал животот и својата кариера во релативно мал дел од Германија, но неговото влијане се почуствувало низ целиот свет. Бах доаѓа од семејство на музичари, иако неговите родители починале уште додека бил млад. Иако со немирен дух во малдоста, тој одлучил да прави црковна музика и одбрал да пишува кантати, фуги и концерти. Најпознати дела му се Брандербуршките концерти. Умрел во 1750 година.

Рихард Вагнер
Името на контроверзниот и многу плоден автор Рихард Вагнер се поврзува се сите движења во неговата родна Германија, од социјализмот до фашизмот анти-семитизмот. Во секој случај, Вагнеровите драматични опери и композиции се многу влијателни, особено во филмската музика. Во многу филмови може да се чуе познатиот извадок од операта Валкирите. Вагнер умрел во 1883 година.

Јоханес Брамс
Срамежлив и овлечен, Брамс не водел живот полн со кризи како некои други музичари. Пишувал за неколку инструменти, вклучувајќи и кларинет, но најпознат е по своите дела и песни напишани за пиано, меѓу кои најпозната е Приспивана песна. Брамс починал во 1897 година.

Петар Илич Чајковски
Чајковски е можеби најпознат по своите балети, особено по божикната Оревокршачка и вечното Лебедово езеро. Но тој пишувал и опери, концерти сите познати по богатата мелодија и моќта да направат атмосфера. Чајковски умрел во 1893 година.

Фредерик Шопен
Шопен најмногу пишувал за пиано. Почанал да свири пиано и да компонира уште од млади години. Иако се движел низ Европа, најголем дел од животот го минал во Франција, каде ја започнал трагичната врска со Жорж Санд. Најпознато дело му е серијалот на Ноктруна. Музиката на Шопен се прославила поради својата мелодичност и емоционална длабочина. Умрел во 1849.

Игор Стравински
Стравински не е само познат композитор, тој од магазинот Тајм е прогласен за еден од 100-те највлијателни луѓе во 20-тиот век. Најпознат е по своите балети, особено по Посветено на пролетта, балет кој предизвикал нереди кога прв пат бил изведен во Франција. Стравински се населил во Лос Анџелес и станал американски граѓанин. Умрел во 1971 година.

Џозеф Хајдн
Џозеф Хајдн доаѓа од големо и сиромашно семејство. Неуморно работел во обласгта на музиката и на 8-годишна возраст влегол во хорот на Виенската катедрала. Подоцна давал часови по музика. Извршил влијание на Моцарт. Со благ и весел карактер, Хајдн често пишувал за својата љубов кон бога и природата. Пишувал до длабока старост. умрел во 1809 година.
http://www.youtube.com/watch?v=dov_ymz4KuA

Франц Шуберт
Уште во детството Шуберт покашал талент за многу инструменти како и пеење. Бил студиозен и вреден и почнал со пишување музика од малди години. Шуберт напишал многу симфонии, миси и сонати. Се прослави со своите песни, многу често пратени со поезија. Умрел во 1828 година.
http://www.youtube.com/watch?v=yPYVIf25Ack

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi