10 најубави плажи во САД за одмор од соништата

popara2 јули, 20113min00
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

10. Cape Florida State Park во Key Biscayne, Florida: Кејп Флорида Стејт Парк е лоциран во јужниот дел на Кеј Бискејн. Оваа плажа ви нуди кристално чиста смарагдна вода и прекрасен бел песок. Одлична локација за пливање, сончање и уживање во вашиот летен одмор.

 

9. Waimanalo Bay Beach Park во Oahu, Hawaii: Иако не е една од најубавите хавајски плажи, сепак ја вбројуваме во листата бидејќи е безбедна, нема големи бранови и опасни стуи, а постојано има и спасувачи на плажата. Вајманало Беј Бич Парк е една од омилените плажи на жителите на Хаваи.

 

8. Coast Guard Beach во Cape Cod, Massachusetts: Оваа прекрасна плажа, која се наоѓа во Кејп Код, Масачусетс нуди прекрасна глетка на целиот Кост Гард залив. Посетителите доаѓаат да уживаат во глетката, но и да се освежат во океанот, иако температурата на водата се движи од 16 до 22 степени целзиусови.

 

7. Beachwalker Park Kiawah Island во South Carolina: Оваа плажа претставува рај за љубителите на природата. Бичвокер Беј нуди можност за кајакарење, како и за прошетка на брегот кој е дом на илјадници птици. Иако водата не е кристално бистра, сепак е чиста и богата со морски живот кој претставува специјалитет во локалните ресторани.

 

6. St. George Island State Park во Florida: Оваа прекрасна плажа е повторно чиста откако минатата година се излеа нафта во овој дел од океанот. Водата е бистра, песокот е кристално бел, а самата плажа Ст. Џорџ нуди опуштање под сончевите зраци, но и можност за пливање, кајакарење, па дури и кампување.

 

5. Cape Hatteras во Outer Banks, North Carolina: Овој залив претставува една од најдобрите локации на Источниот брег на САД за љубителите на сурфањето. Овде се наоѓа и еден од најпознатите светилници во САД, кој ги привлекува туристите во посета на историските места во овој предел. Љубителите на природата можат да уживаат во прошетките на плажите и риболовот.

 

4. Main Beach во East Hampton, New York: Прекрасната огромна плажа од бел песок и кристално сината вода ја прават оваа плажа неодолива за туристите, меѓу кои секоја година има многу познати личности. Најдобриот начин да стигнете до оваа плажа е со велосипед, бидејќи така ќе ја избегнете гужвата на паркинг просторот, а ќе уживате во прекрасниот пејсаж.

 

3. Kahanamoku Beach во Waikiki, Oahu, Hawaii: Морскиот гребен ја заштитува оваа плажа од големи бранови, па затоа Каханамоку претставува совршена плажа за семејства со деца. Плажата е голема, водата е бистра и топла, а посетителите можат да пливаат, да кајакарат, да нуркаат или едноставно да уживаат во прекрасниот амбиент.

 

2. Coronado Beach во San Diego, California: Плажата Коронадо е навистина најубавиот дел на јужна Калифорнија. Со својата субтропска вегетација, уникатна медитеранска клима и блескав песок, оваа плажа е навистина оаза покрај морето, како што многумина ја нарекуваат.

 

1. Siesta Beach во Sarasota, Florida: Со својот уникатно бел песок, кој е еден од најситните и најбелите во светот, оваа плажа привлекува многу туристи, меѓу кои голем број се колекционери на песок. Плажата Сиеста нуди секаков вид на забава, како пливање, нуркање и едрење, бидејќи водата е топла и навистина бистра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag