10 неверојатни бенефити би имале доколку “упражњавате” јога :)

popara30 август, 20111min00
joga

Се чини дека јогата станува се повеќе и повеќе популарна  секоја наредна година, што се гледа по бројот на нови јога-студиа насекаде по светот. Без разлика дали веќе практкувате јога или само размислувате околу тоа, треба да знаете дека овој вид спортска активност нуди неколку неверојатни бенефити. Во оваа статија ќе ги разгледаме резултатите од редовно практикување јога и како тоа ќе влијае на вашиот живот.

Што е јога?
За разлика од многу други форми и видови на вежби, јога е единствена практика која е комбинација на вежби и на умот и на телото. Во јога, физичките активности се надополнети со ментални со цел за постигнување мир и хармонија. Што се однесува до физичкиот напор јогата  бара внимателно позиционирање, специални пози и потези. Има мало влијание и оптоварување врз зглобовите, а има големи резултати за тонусот на мускулите. За подобрување на менталната состојба јогата вкључува смирувачки вежби за дишење, а во некои случаи и медитација. Комбинацијата на овие физички и ментални вежби води до неколку големи бенефити кои се опишани подолу.

Здравствени придобивки од јогата:

1.       Флексибилност.  Една од најзначајните придобивки на јогата е во тоа што може да се зголеми флексибилноста  кај луѓето без оглед на нивната возраст или тежината. Спротивно од она што верувате, не е потребно да сте флексибилен за да започнете да се бавите со јога. Почнувајќи со воведните часови јога инструкторите ќе ве научат како правилно се изведуваат позите во зависност од вашата моментална состојба. Со практикување на овие пози како и техниките на дишење почетниците ќе забележат како нивната флексибилност брзо се подобрува и ќе можат да ги направат позите правилно за брзо време. Ова се должи на постепено растегнување на мускулите и зголемување на опсегот на движење на зглобовите.

2.       Сила. Разни пози во јогата се користат за зацврстување на кључни делви од телото како што се стомакот, нозете и рацете. Бидејќи се задржувате подолго време во една поза мускулите се принудени да работат напорно како би го одржале телото балансирано и во правилна позиција. Често јога учесниците забележуваат зголемување на мускулниот тонус како резултат на вежбите. Доброто кај јогата е и тоа што нема потреба од користење тежини или машини при изведувањето на вежбите. Наместо тоа, вашето тело е тежината со која ја градите вашата сила, тонус и цврстина на телото.

3.       Правилно држење на телото. Бидејќи јогата е ефикасна за зацврстување на основните абдоминални мускули, со самото тоа се подобрува и држењето на телото , го штити вашиот грб и ви помага да изгледате самоуверони и здрави.

4.       Рамнотежа. Многу од позите во јогата бараат рамнотежа односно баланс, што за почетниците е малку тешко во стартот. Но со тек на време, после неколку седмици почнуваат да ја совладуваат рамнотежата и да се задржуваат во одредени пози подолго време.

5.       Циркулација. Практикувањето на јога води до подобрена телесна циркулација. Ова резултира со широк спектар на здравствени бенефити вклучувајки намалување на крвниот притисок и поздрави органи воопшто.

6.       Издржливост. И покрај фактот дека не постои трчање или џогирање вклучени во јогата, оваа форма на вежбање всушност може да ја зголеми издржливоста. Тоа е затоа што јогата помага да се намали срцевата акција и подобрување на оксигенацијата во вашето тело. Ова води кон подобро кардиоваскуларно здравје и  подобрување на издржливоста.

7.       Стресот: Поради фактот што јогата вклучува еден вид на тивка концентрација и длабоко дишење-вежби, тоа обично има тенденција за намалување на секојдневниот стрес и внесување на спокојство и мир во вашиот живот. Со самото тоа што јогата има влијание врз намалувањето на стресот, истовремено влијае и на подобрување на општата здравствена состојба и квалитетот на вашиот живот.

8.       Енергија. Една од кључните придобивки на јогата е во тоа што обично учесниците после тренинг се чуствуваат полни со енергија наместо да бидат исцрпени и уморни. Со јогата преку тивки и бавни движења го добивате тренингот што ви треба без да се исцрпувате и препотувате и без трошење на целата ваша енергија како кај повекето останати спортови.

9.       Тежина. Јогата помага за забрзување на метаболизмот и со тоа се намалуваат вишокот килограми.

10.   Хронични заболувања. Кај луѓето со хронични болести јогата помага при ублажување на симптомите и болките. Некои од хроничните болести што се ублажуваат со практикување јога се пореметување на сонот, депресија, анксиозност, рак.

Како да ги зголемите вашите придобивки:

Постојат неколку лесни совети за максимизирање на здравствени придобивки од јогата кои се наведени овде. Прво, бидете сигурни дека секогаш ќе ги загреете мускулите пред завршувањето на јога сесијата. Прашајте го вашиот инструктор дали загревањето ќе биде вкључено во сесијата  или ако треба да го направите тоа однапред. Второ, обидете се да ги комбинирате јога вежбите со правилен режим на исхрана. Ова ќе ви помогне побрзо да се ослободите од вишокот на килограми и да го зголемите нивото на енергија.

И за крај, не заборавајте да зборувате со вашиот лекар доколку имате еден од следните фактори на ризик или состојба, бидејќи не е безбедно да се практикуваат јога вежбите во овие ситуации:

бременост
вештачки зглобови
остеопороза
висок крвен притисок

проблеми со балансот

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma