Цел свет сака да ja дознае таjната на Ѓоковиќ:)))) Ќе ја каже или ќе ги лаже?:)))

30 август, 20110
Serbian player Novak Djokovic reacts to

Според пишувањето на познатиот американски весник “Wall Street Journal”, Новак неговиот брз напредок го остварил со редовна посета на најмодерната хипербарична комора. Според нивните тврдења Новак ја посетувал комората уште од предходниот US Open, и станува збор за комора именувана CVAC, која чини 75.000 долари. Таа е далеку поскапа и поефикасна од стандардните комори кои ги користат американците. Комората користи компјутерски контролиран вакум кој симулира голема висина и предизвикува редовни контракции на мускулите.

Ѓоковиќ ja користи токму оваа комора, која се наоѓа на имотот на поранешниот професионален тенисер Гордон Џулинг. Минатата есен Новак, престојувал кај него, а потоа во својот дневник напишал “Овде е фантастично, имаме сè што не е потребно, а во слободно време ловиме риба во околното езеро.”

Новак сега повторно е гостин кај Џулинг, и редовно ја користи неговата комора.

– Јас навистина мислам дека таа комората многу ми помага, не толку кога станува збор за јакнење на мускулите, но најмногу ми помага за закрепнување по тешките натпревари. Таа е како вселенски брод, многу интересна технологија, изјавил Новак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma