10 совети за континуирано слабеење

popara17 јули, 20111min00
10 nacini za slabeenje

Сигурно ви звучи познато дека сте се подложиле на разни диети, па дури и сте намалиле одреден број килограми, а потоа за еден ден веднаш после диетата, се пронаоѓате себеси како јадете чипс, скара или роденденска торта.

На овој начин се поништува целиот труд за броење калории, а килограмите се враќаат повторно на почеток. За да не ви се случи ова, следете ги овие совети за да ги избегнете негативните навики, да ја одржите линијата и здравјето, па и да ја намалите тежината.

1.     Намалете го бројот на оброци во ресторани

Некои, секој ден јадат нешто надвор од дома, дали брза храна или обилна вечера. Кога би си дозволиле такво нешто само еднаш неделно или пак наместо тестенини да порачате некоја салата со пилешко, сигурно би изгубиле пет килограми за еден месец.

2.     Во купувањето намирници избегнете ги грицките

Кога дома не би имале никакви чипсови, пуканки или кикирики, сигурно нема постојано да ви се оди до продавница, иако имате голема желба за грицкање.

3.     Јадете од мали чинии

Многу сте гладни, сè ви се допаѓа и не можете, а да не ја преполните чинијата. Во тој случај земете помала чинија па исполнете ја, за така да ја заситите желбата за куп храна, а и со сигурност нема да останете гладни. Истото важи и за надвор, обидете се да се воздржите од XXL порции и задоволете се со мали.

4.     Исфрлете го ноќното јадење

Да не се јаде после 18 часот – тоа би требало да е закон, но дури и да си дозволите еднаш до двапати неделно прекршување, килограмите со сигурност би се намалиле.

5.     Најадете се со појадокот

Кога добро ќе се најадете за појадок со здрав микс од протеини и житарици, потоа скоро цел ден нема да чувствувате многу глад. Во текот на денот ќе можете да изедете уште по некој лесен оброк, само колку да ја одржувате енергијата и на тој начин би можеле да слабеете преку целата година.

6.     Наградете се со омилениот колач

Во текот на постојано внимавање што јадете, многу лесно може да ви “пукне филмот“. На крајот од денот, ако поминал како што сте планирале, можете да се почестите со ред црно чиколадо, чаша вино или она што ве прави задоволни, со цел да можете и другиот ден да продолжите со исто темпо.

7.     Воведете физичка активност во животот

Кога би почнале да се движите на било кој начин, килограмите со сигурност би почнале да се намалуваат. Најдобро е да воведете барем 2-3 пати неделно одредена активност, како зумба, бокс или некои боречки вештини. Се разбира, проблемот настанува поради недостиг на време, па затоа советуваме да ја искористите паузата на работа, на која ќе дојдете со велосипед или ќе понесете патики за одење и трчање.

8.     Направете си плејлиста за вежбање

На вашиот iPod или mp3 ставете листа на песни кои ве движат и со слушалки на ушите одете во теретана и трчајте. Добрата музика ќе ве мотивира и понатаму да вежбате и нема да сакате да сопрете додека не ја дослушате листата до крај.

9.     Слабејте дома

Ако секогаш на ум имате некоја вежба, тогаш би можеле да ја применувате на разни начини и во секое време. На пример, танцувајте додека миете садови или пеглате, или пак, додека траат долгите реклами малку степувајте, скокајте на јаже, напревете неколку стомачни вежби.

10.  Дружете се преку спортот

Најчестото дружење е пиење кафе во текот на денот или пиење алкохол навечер. Но, кога некое дружење би го насочиле кон прошетка, сквош, бадминтон или возење ролери – тогаш не треба да се грижите за вишокот калории внесени тој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag