10-те најголеми џамии во светот

18 август, 20110
dzamii-naslovna

Ал-Харам џамија, исто така позната и како Харемот Шариеф во Мека, Саудиска Арабија. Претставува најсветата, најголемата и најпопуларната џамија во светот. Место каде што голем број на верници одат на аџилак. Џамијата зафаќа површина од 356.800 квадратни метри и може да собере до 820.000 верници.

Ал-Харам џамија

Џамија Масџид ал-Набави или Џамијата на пророкот, во Медина, претставува втората најсвета и најголема џамија во исламот. Почивалиштето на Мухамед, кој всушност ја  изградил џамијата за себе. Најважната карактеристика претставува зелената купола над центарот на џамијата, каде се наоѓа гробот на Мухамед. Изградена во 1817 година, а насликана во 1839 година. Муслиманските лидери Abu Baker и Umar (Umar ibn al-Khattab) се закопани во околината на џамија.

Џамија Масџид ал-Набави

Ал Акса џамија, се наоѓа во Ерусалим. За време на верските обреди џамијата може да собере 5.000 верници. За време на зголемената безбедност само муслиманите на одредена возраст имаат дозволен пристап во џамија. Трета на листата на најголеми исламски џамии.

Ал Акса џамија

Џамија Султан Омар Али Саифудин, претставува кралска исламска џамија која се наоѓа во Бандар Сери Бегаван, главниот град Брунеј. Се смета за една од најспектакуларните и најубавите џамии во Азија и на Пацификот, како и една од најпопуларните туристичка дестинации.

Џамија Султан Омар Али Саифудин

Џамија Захир, се наоѓа во срцето на Алор Стар, главниот град на Кедах, Малезија. Џамијата била изградена во 1912 година, а најголема заслуга има Tunku Mahmud. Официјалната церемонија за отварање била одржана во петок на 15 октомври 1915 година и тоа од страна на Неговото Величество Султанот Abdul Hamid Halim Shah. Џамијата Захир зафаќа површина од околу 124.412 квадратни метри. Централната сала има димензија  62 x 62 квадратни метри. Захир претставува една од најубавите џамии во светот.

Џамија Захир

Таџ-ул џамија, во Бопал буквално се преведува како “Круна на џамиите”. Најимпресивна структура во Бопал претставува Таџ-ул џамијата, една од најголемата и најелегантната муслиманска џамија во Индија. Иако, џамијата не била завршена поради недостаток на материјални средства, но после подолг период изградбата продолжила во 1971 година.

Таџ-ул џамија

Раја Баитурахман џамија, претставува еден од првите примери на џамија со куполест облик во Југоисточна Азија. Можеби уште поважно, џамијата е архитектонско олицетворение на политичката улога на Исламот во Индонезија. Изградбата започнала во 1879 година, а завршила во 1881 година. Во текот на доцните ’80-ти, џамијата била реновирана.

Раја-Баитурахман џамија

Султан џамија, се наоѓа во Мускат улица во близина на Норт Бриџ, во областа во Сингапур. Џамијата се смета за еден од најважните џамии во Сингапур. Молитвената сала и куполата претставуваат најкарактеристичните елементи во џамијата. Султан џамијата во основа останала непроменета откако била изградена, со исклучок на неколку промени кои биле направени на главната сала во 1960 година, како и на едното крило во 1993 година.

Султан џамија

Џамија Шахџахан, во Исламабад, Пакистан претставува една од најголемите џамии во светот. Исто така и една од најпопуларната џамија во исламскиот свет. Џамијата е со површина од 5.000 квадратни метри и со можност да собере 300.000 верници. Првите активности околу изградбата на џамијата започнала во 1966 година, а изградбата била завршена во 1986 година и во неа е сместен Меѓународниот исламски универзитет.

Џамија Шахџахан

Џамија Баитул Мукарам,се наоѓа во срцето на Дака, главниот град на Бангладеш. Оваа џамија била изградена во ’60-тите години. Џамијата била дизајнирана од архитектот Abdul Hussain Thariani. Националната џамија на Бангладеш има современи архитектонски карактеристики, но сепак ги зачувувала традиционалните карактеристики на џамиите.

Џамија Баитул Мукарам

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit