Храмови во Бангкок

18 август, 20110
2

Град со 400 храмови

Кога се зборува за храмови, Ширикит, со своите седумнаесет илјади будистички храмови, веднаш го надминува Далекиот исток. Храмовите во Тајланд се шарени и раскошни, а четиристотини од нив се наоѓаат во главниот град Бангкок. Еден од претците на денешниот Крал Bumobol, Ram I, околу 1785 година ја изградил кралската палата и градот на храмовите. Подрачјето на храмовите заземаат една петтина од вкупната површина на денешен Бангкок.

До ден денешен, јадрото на овој град во кој има 2 милиони жители претставуваат храмовите. Храмот Ват По е еден од најубавите, а своето име “Храмот на светото дрво со смокви “, го добил по едно дрво со смокви кое буквало се залепило на неговите ѕидини. Се верува дека Буда медитирал под тоа дрво. Ват По всушност претставува еден посебен град со храмови, лавиринти од дворци, капели, кули, тераси, во кој посетителите би можеле да се изгубат доколку немаат водич. Во Ват По не само што постои галерија со 394 слики од Буда, туку има и 49 позлатени високи статуи на Буда.

Сите храмови во Бангкок ги чуваат статуи, со демонски израз на лицето. Тоа важи и за Ват Фра Кео “Смарагдниот храм на Буда“. Позади драгоцените врати од абонос се надѕира 60 cm висока статуа на Буда изработена од жад, чија што глава е направена од еден огромен смарагд. Оваа статуа претставува национална светост на Тајланд. Три пати во текот на годината во храмот влегува Кралот Bumibol и според традицијата потребно е да ја смени гардеробата на статуата. Зимската облека на Буда, му ги покрива рамениците, додека пак летната му ги открива. На почетокот на плодниот дождлив период, облеката на Буда му го остава откриено само едното рамо. Оваа облека е изработена од чисто злато.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi