10-те најсекси жени во светот се…?

11 јуни, 20110
naslovnaseksizeni

10 – Irina Shaykh – руската убавица која има 25 години е една од најпознатите модели во светот. Се појавуваше на музички спотови, реклами, беше во врска со Кристијано Роналдо, а верува дека постои втор живот.


9 – Nicole Scherzinger – родена на Хаваи, оваа егзотична убавица, кариерата ја започна како пејачка, потоа танчерка и актерка. Работеше со сите познати имиња од музичката сцена, а во врска е со возачот на формула Хамилтон.


8  – Kelly  Brook – англичанката која сите ја сакаат и која на листата на најсекси жени е од 1998 година, а во 2005 беше на врвот. Кариерата ја почна како модел, но набргу стана актерка.


7 – Marisa Miller – за многумина најсекси жената на светот, овој модел иако има 33 години, со својот изглед ги става во сенка младите девојки. Американскиот модел која беше дел од Викторија Сикрет англескиот тим, минатата година во август беше на насловната на магазинот ФХМ.


6 – Brooklyn Decker  – американски модел кој на 24 години го има достигнато врвот во кариерата како модел,  а сепак нејзината мајка плачела кога дознала дека таа се сликала во бикини. Се појави во рекламни спотови, исто и во музички . Таа беше модел за Викторија Сикрет, “тешко е во оваа професија од време на време, бидејќи ја сум девојка која сака слатки“, е нејзината изјава.

5 – Olivia Wilde – 26 годишната актерка која лани дебитираше на оваа листа на 18 место оваа година е во топ 5 секси жените. Таа има изјавено дека се има заљубено во нејзината колешка Анџелина Џоли. Да се биде американка со ирско потекло е интересно, особено за оваа девојка која своето презиме си го смени по познатиот писател Оскар Вајлд.


4 – Megan Fox – 25 годишната актерка и модел, родена во САД, Тенеси, изминатите години на ова листа беше на врвот, поточно 2008 на првото место, а следните 2009 и 2010 година на второто. Љубител на животните и видео игрите, оваа актерка со мешано ирско, француско и американско потекло изјавила дека е ужасна личност  ако некој сака да живее со неа.


3 – Rihanna – егзотичната пејачка од Барбадос, која има 23 години, а заработува милиони, изјави дека сака да биде вечно млада, весела и секси. Си ги осигура своите секси нозе на милион долари, а нејзината родна држава во нејзина чест направи национален празник, каде таа секоја година настапува бесплатно за својот народ и фанови.


2 – Katy Perry – пејачката од Калифорнија, која “бакна девојка“ и стана број еден во 20 држави со нејзиниот сингл, секогаш ги истакнува своите убави гради со изговор дека убаво и е чуството кога луѓето зборуваат за неа. Пејачката издаде неколку албуми, се фотографираше за многу списанија и магазини, а се заљуби бо англискиот актер Расел Бренд.


1 – Rosie Alice Huntington – англичанката родена на 18 април 1987 година, оваа година е на врвот на најсекси жените во светот. Актерка, модел и ангел на Викторија Сикрет се нејзините моментални преопкупации. Иако минатата година беше на 27 место на оваа листа, а тоа беше нејзино деби, успеа само за една година да ги надмине сите останати 99 убавици. Доволно говори фактот што таа ја замени Меган Фокс во Трансформери 3. Беше во врска со еден од најсекси актерите од Англија, Џејсон Статхам, а само на 19 години ја примија во славниот тим на ангелите на Викторија Сикрет. Минатата година беше вклучена во фото сесијата за Пирели календарот, каде влегуваат само најубавите и најсексипилните девојки од светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi