10-те најубави цркви во светот – прв дел

6 август, 20110
crkvanorveshka-naslovna

Без разлика дали сте или не сте религиозни, не може да се негира фактот дека црквите претставуваат едни од најспектакуларните градби во човештвото. Изградени од стакло и од борови дрвја, длабокот во областа Арканзаз до дрвени цркви кои датираат од средниот век во Норвешка, го задржуваат здивот на секој што ќе ги погледне.

Црквата Borgund Stave

Лаердал, Норвешка

Земјата која е најпозната по фјордови и по инспиративните пејзажи е единственото место во Северна Европа во која датираат дрвени цркви, изградени уште во средниот век и кои сеуште се непроменети. Норвешка има вкупно 28 цркви изградени во овој стил – секоја атркативна и карактеристична – но најубава од сите е Црквата Borgund Stave која датира уште од 1180 година, сместена во западниот дел на Норвешка. Името го добила поради материјалот кој што бил користен за нејзината изградба – вертикални штици (летви). Овие цркви се карактеристични бидејќи за нивната изградба многу малку или воопшто не се користат шајки и клинци, туку штиците (летвите) се испреплетуваат. На крајот изградбата многу често изгледа како наопаку свртен викингшки брод.

Црквата Borgund Stave е на четири ката кои како да ‘ртат еден од друг. Освен неколку редови на клупи, едноставниот олтар и полици за верските предмети, нема многу друго што да се види во внатрешноста на црквата, но фантастичната надворешноста вреди да се погледне и сигурно ќе ве остави без здив.

Како да стигнете: Лаердал е 250 километри – доволни се четири часа возење – од Осло, главниот град на Норвешка. Се плаќа влез од 70 норвешки круни (околу 13 долари) за возрасно лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma