Московски Кремљ

popara13 август, 20113min00
Grand_Kremlin_Palace,_Moscow

Феникс

“Над Москва е само Кремљ, а над Кремљ е само небото“, стара руска поговорка. Пред повеќе од 800 години – според легендата – била создадена првата населба во денешна Москва. Stepan Kuchkо, додека бил во лов сретнал орел со две глави (подоцна ова било искористено како мотив за грбот на Царството), кој убил дива свиња. Stepan, тоа го сфатил како знак од Бога и наредил на ова место да се подигне ловечко село, кое според него било наречено Кучково.

“Во длабок сон го видел големиот град, на местото на оваа село – продолжува легендата. Огромна тврдина со бели ѕидови и аглести покриви, се гледаше сé до крајбрежјето Неглинка. Тврдината била огромна, нејзините покриви потсетувале на покривите, карактеристични за муслиманите“. Кучково се развил во преубаво место, бидејќи Stepan започнал да им наплаќа надомест на бродовите кои што пловеле по реката. На тоа, започнал да му завидува Кнезот Yuri Dolgorukiy. Двајцата заедно многу често оделе на лов, но едно утро било пронајдено телото на Stepan. Тој, всушност бил првата жртва на интригите, насилството и немирите. Во 1325 година, митрополитот Petеr го преселил своето седиште во Москва, иако тогаш бил мал и скромен град. Големиот Кнез Ivan Danilovich Kalita, во 1333 година бил назначен на врховната позиција во Русија, го основал градот, а тврдината ја нарекол Кремљ. “Иако од градот го дели само еден ѕид, отсекогаш претставувал свој сопствен свет: непријатен, мистериозен, центар на моќта. Таму, се создал рускиот национализам, кој што довел до обединување на земјата и таму се наоѓало вистинското засолниште на ортодоксната побожност“.

Во текот на вековите повеќе пати Москва и Кремљ биле нападнати, уништени и палени. Но, секогаш тврдините биле повторно и повторно издигнати од пепел, исто како птицата феникс.

Кој го поседува Кремљ, тој владее со Русија – ова го знаеја војсководците Genghis како и Napoleon и Hitler. Сите тие биле поразени од страна на “мистериозната сила на Русија“.

Московски Кремљ – зборот “кремљ“ претставува тврдина, вакви имало и низ други градови во Русија – одделен од градското подрачје, опкружен со 20 метри висок ѕид, долг 2,6 километри, а за да влезете внатре, потребно е да поминете низ пет врати.

Овој ѕид го опкружуваат голем број на цркви и манастири, палати, државни и управи згради.

Познати се три катедрали, кои биле изградено во петнаесетиот век, а неколку пати биле доградувани. Катедралата на Успението е црквата во која биле крунисани многу цареви – изградена од страна на Fjoraventi. После секое рушење и грабежи (1493, 1547, 1682 и 1812 година) била обновувана врз основа на старите нацрти. Наспроти неа се наоѓа Архангелската катедрала.

Оваа Катедрала била изградена од страна на Alevisio Novi од Милано. Црквата во која се крстеле царевите и се организирале кралските венчавки била  Благовештенската Катедрала, карактеристична по своите девет куполи. Катедралата на Св. Василиј благословениот се наоѓа над ѕидините на Црвениот плоштад (вака бил наречен плоштадот уште пред почетокот на Револуцијата), во непосредна близина на Кремељ.

Карактеристични се единаесет мали капели кои се вкрстуваат една во друга, а била изградена по желба на Ivan IV Vasilyevich. Постои легенда, дека после завршувањето на изградбата, царот наредил архитектот да биде ослепен, со цел никогаш повторно да не биде способен да создаде слична ваква убава градба. “На земјината топка, не постои ниту една градба која би можела да се спореди со оваа Катедрала. Ниту една пагода од Сијам, Бурма или Јапонија не може да ја достигне“.

После распадот на царството, Кремљ станал седиште на Врховниот совет и на Владата. Палатите, кои некогаш биле строго затворени, станале достапни за јавноста. Биле изградени нови градби за време на владеењето на Stalin, а палатите и црквите биле трансформирани во музеи. Во Кремљ бил изграден Мавзолеј за мумифицирање на смртните остатоци на Vladimir Ilyich Lenin. И денес Кремељ како и некогаш претставува симбол на моќ и центар на една неверојатно голема држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma