10-те најубави цркви во светот – V дел

11 август, 20110
duom

Duomo di Milano

Милано, Италија

Многу се пишува за Duomo di Milano – еден од најголемите готски катедрали во светот – но Марк Твен, можеби, ја има најубаво опишано оваа мермерна црква, во своето дело издадено во 1869 година, “Невините во странство“. Кога ќе влезете во Катедралата ќе останете без здив – 135 кули и 3.400 статуи.

Во вистински готски стил, внатрешниот амбиент е прилично темен благодарение на обоеното стакло на прозорците и огромните камени столбови. Можете или по скалите или пат со лифт да стигнете до покривот. Овде ќе бидете опкружен со морничавите  мермер кули на катедралата, а ќе бидете и во можност да го видите Милано на “дланка“, како и врвовите на Алпите.

Како да пристигнете: Катедралата е лоцирана во центарот на Милано. За влез во Duomo di Milano нема да имате никаков трошок, но за да стигнете до покривот, ќе биде потребно да платите – доколку го користите лифтот 10 евра (околу 14 долари) по лице или 8 евра (околу 11 долари) по лице доколку се искачи по скалите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit