10-те најубави храмови во светот – четврти дел

24 август, 20110
222

Пагода Шведагон

Најубавиот храм на Буда

170 метри високата пагода (14 метри повисока од Катедралата во Келн), изгледа како рид од злато, а лоцирана е веднаш над бурманскиот главен град. Во најубавата градба на будизмот, се наоѓа и неговата најдрагоцена реликвија. Веднаш под огромната купола на пагодата Шведагон во Рангун, се наоѓа ковчег изработен од сјајни дијаманти, а во него се наоѓаат осум влакна на Буда.

Никој незнае со сигурност кога е изграден овој величествен храм во Мјанмар, легендата вели дека е стар 2500 години, додека археолозите проценуваат дека е изграден помеѓу 6 и 10 век.

Врвот на оваа пагода е украсен со илјадници драгоцени камења, рубини, смарагд, дијаманти. Најгоре, под шилестиот врв на ветерот се нишаат стотина златни и илјада и четиристотини сребрени ѕвончиња.

Речиси секоја од овие пагоди на врвот се украсени со драги камења. Особено важно е доколку пагодите се изградени на рид. Пагодата Шведагон е изградена на 55 метри висок земјен насип (тераса), така што од пагодата се гледа целиот простор на храмот кој се простиран на површина од 65.000 квадратни метри.

На севроисточниот дел на терасата се наоѓа најголемото ѕвоно на светот, тешко 25 тони. Помеѓу веселите ликови на нати се наоѓа Буда изработен од алабастер, глина и мермер. Мажи, жени и деца доаѓаат овде да ги остават своите подароци пред Буда. Задлабочени во своите молитви клечат пред статуата и се молат. Ова место претставува седиште на будистичниот духовен свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi