100 Најпознати личности на сите времиња – единаесетти дел

13 август, 20110
sean-connery

56. John Travolta

Роден на 18 февруари 1954 година. Американски актер, танчер и пејач. За првпат Travolta стана познат во ’70-тите години, откако се појави во ТВ серија “Добредојдовте назад, Котер“ како и во филмовите “Треска на саботната вечер “ и “Брилијантин“. Актерска кариера на Travolta беше во опаѓање во раните ’80-ти години и продолжи да се влошува во текот на остатокот од деценијата. Неговата кариера повторно оживеа во ’90-тите години со неговата улога во филмот “Евтини приказни“, а потоа следуваа филмовите “Без лице“, “Тенката црвена линија“. Travolta беше номиниран за Оскар за најдобар актер за улогата во филмот “Треска на саботната вечер “ и за улогата во филмот “Евтини приказни“. Освои Златен Глобус за најдобар актер во комедијата “Фатете го малиот“.

55. Edgar Allen Poe

Роден на 19 јануари 1809 година во Бостон, Масачусец, а починал на 7 октомври 1849 година. Познат американски писател, поет, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот. Познат по своите мистериозни раскази. Инаку Poe е првиот американски писатели на раскази и се смета за творец на детективската и криминалната проза, а му се припишува и заслугата за појавата на научната-фантастика.

Неговата кариера како писател ја започнал во 1827 година со издавањето на збирката поеми “Тамерлан“. Се осврнал кон прозата и поминал неколку години работејќи за книжевни весници, притоа станал препознатлив по својот стил за литературен критицизам. Во јануари 1845 година, Poe ја објавил поема “Гавранот“. Планирал да издаде свој дневник, “Перото“, но за жал, умрел пред да го заврши. Poe починал на 40 годишна возраст на 7 октомври 1849 година во Балтимор; но причината за неговата смрт останала непозна.

54. John F. Kennedy, Jr.

Роден на 25 ноември 1960 година, а починал на 16 Јули 1999 година. Американски адвокат и пилот. Постариот син на американскиот Претседател John F. Kennedy и на првата дама Jacqueline Lee Bouvier Kennedy. На 16 јули 1999 година John F. Kennedy, Jr. загина во авионска несреќа заедно со неговата сопруга Carolyn Bessette-Kennedy и нејзината сестра Lauren Bessette.

53. Sean Connery

Роден на 25 август 1930 година. Шкотски актер и продуцент кој има освоено Оскар, две BAFT награди и три Златни Глобуси.

Најпознат по својата улога во филмот Bond 007 инаку беше дел од седум продолженија на филмот во периодот помеѓу 1962 и 1983 година. Во 1988 година, Connery освои Оскар за најдобра споредна машка улога за неговата улога во “Недопирливите“.

Филмови кои ја одбележаа неговата филмска кариера: “Марни“ , “Индијана Џонс: последниот крстоносен поход“ , “Црвениот Октомври“, “Горштак“, “Убиство во Ориент Експрес“, “Змејско срце“, “Карпата“. Во јули 2000 година беше прогласен за витез. Прогласен за “најсекси маж“ во 1989 година од страна на списанието “People“, а во 1999 година, на возраст од 69 година, беше прогласен за “најсекси маж на векот”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi