100 Најпознати личности на сите времиња

19 јули, 20110
naslovnapoznati

100. Vladimir Putin е руски политичар, премиер на Русија и поранешен претседател на Русија.

Vladimir Putin e роден во Ленинград (денешен Санкт Петербург); во 1975 година има завршено Правен факултет на Ленинградскиот државен универзитет. Од 1985 година започнува да работи во КГБ во поранешна Источна Германија. Откако се вратил назад во Русија, работел како советник за странски инвестиции во кабинетот на градоначалникот Anatolij Sobcak (1991-1994) и како заменик градоначалник (1994-1996). Во 1991 година, официјално ја напуштил КГБ. Од 1996 година започнал да работи во администрацијата на Boris Elcin, а од 1998 година е назначен за директор на Федералната служба за сигурност на Русија, наследничка-организација на КГБ.

На 31 декември 1999 година, е именуван за привремен Претседател на Русија, при што го заменил Boris Elcin. Повторно е реизбран во 2004 година, а неговиот Претседателски мандат истече во март 2008 година.

 

99. Willey Mays

Роден е на 6 мај 1931 година. Willey е американски професионален бејзбол играч, а поголем дел од неговата кариера беше дел од првата безбол лига и играше во тимовите на Њујорк и Сан Франциско. Кариерата ја заврши во тимот New York Mets.  Познат под надимакот “The Say Hey Kid “, многумина го смета за најголем играч на сите времиња.

Mays има освоено две MVP награди и го постави рекордот со 24 настапи во All-Star натпреварите. Неговата кариера ја заврши со 660 настапи на домашен терен; во моментот на неговото пензионирање беше трет на листата; а во сега се наоѓа на четвртото место.

Во 1999 година, Mays беше втор на листата на “100 Најголеми Бејзбол играчи“, организирано од страна на The Sporting News списанието. Истата година беше избран за член во Првата Лига на Бејзбол Играчи на сите времиња. Mays е еден од петте Холандиски играчи кои имаат осум последователни 100 RBI сезони, заедно со Mel Ott, Sammy Sosa, Chipper Jones и Albert Pujols.

 

98. Chevy Chase

Роден е на 8 октомври 1943 година. Тој е познат американски комичар, писател, телевизиски и филмски актер. Chase пред да стане славен, работел на најразлични работни места. Неговото прво филмско остварување беше во комедијата National Lampoon, а потоа се нижат неговите улоги во успешните комедии како што се: Caddyshack (1980), Fletch (1985), и Три Amigos! (1986). Два пати беше домаќин на доделувањето на оскарите во 1987 и во 1988 година. Во моментов, може да го гледаме во улогата Pierce Hawthorne во комедијата Community, која се прикажува на NBC каналот.

 

 97. Frank Lloyd Wright

Роден е на 8 Јуни 1867 година, а починал на 9 април, 1959 година, на 92 годишна возраст. Тој беше истакнат американски архитект, се занимавал со уредување на внатрешен простор, писател и просветител. Ја застапуваше органската архитектура, а исто така беше лидер во застапувањето на стилот Prairie School, го разви концептот на Usonian. Неговите проекти се со оригинални и иновативни дизајни – има дизјанирано голем број на канцеларии, цркви, училишта, облакодери, хотели и музеи. Wright, често дизајнирал и внатрешни елементи за неговите згради, како што се мебел и витражи.

Тој е истакнат автор на 20 книги и голем број на статии, како и познат и истакнат професор во САД и во Европа.

Во 1991 година, беше признат од страна на Американскиот институт на архитекти како “Најголемиот американски архитект на сите времиња”.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi