Уличниот уметник Бенкси (Banksy), остана без неколку негови дела. Поточно, неодамна нацртаните уметнички дела низ Лос Анџелес, биле украдени. Непознати сторители го скршиле малтерот и ги земале делата. Иако полицијата не трага за сторителите, туку само ги нарекла вандали, американските новинари апелирале делата да се вратат во заедницата каде и припаѓаат. Интернет страницата Allvoices.com, дури им понуди на крадците да им ги откупи делата од уметникот за да ги вратат назад на ѕидовите каде им е местото.