3 Брзи Чекори за ослободување од стресот

popara6 ноември, 20111min00
meditation1

Зголемете ги здравствените придобивки од намалувањето на нивото на стресот за само неколку минути.

Едноставни вежби за ослободување од стресот

Помеѓу сите ваши обврски и секојдневни грижи многу е лесно да ја ставите релаксацијата во работите кои е лесно да се кажат меѓутоа тешко се прават. Но справувањето со тензијата секако вреди. Премногу стрес може да предизвика зголемен крвен притисок, намалување на имунитетот и проблеми со спиењето. Еве неколку вежби со кои ќе се справите со сите видови на стрес – од оној минливиот до оној кој ве доведува до „експлозија“. Одвојте неколку минути и ќе ги добиете големи здравствени бенефиции.

Кога се чувствувате нервозно…

Пробајте ја медитацијата со одење

Ослободете се од нервозата со вдишување за време од четири чекори, потоа издишување во наредните четири чекори. Повторете го истото во траење од најмалку три минути (што подолго, тоа подобро). Работете од шест до осум чекори на вдишување и издишување.

Кога ви е потребен момент…

Пробајте ја медитацијата со седење

За да го релаксирате  вашиот уми тело, седнете на подот во комфорна положба, со исправен грб.

Погледнете во стрелката на часовникот кој ги покажува секундите. Вдишувајте три секунди, а потоа полека испуштајте го воздухот во следните три секунди. Повторувате најмалку 3 минути.

Кога сте навистина напнати…

Пробајте целосно истегнување на телото

Движење 1: мачка-крава

Седнете исправени на столицата и ставете ги двете стапала на подот.  Издишете  виткајќи се надолу се додека вашиот рбет не дојде во позиција „крава“ како на горната слика позиција 1. Потоа вдишете исправајќи се нагоре се до позиција мачка (позиција 2 на горната слика). Повторете ја вежбата 5 пати.

Движење 2: Од страна до страна

Вдишете и испружете ги ги рацете право нагоре. Истегнете се во десно додека исдишувате. Вдишете и вратете се повторно во центарот, потоа издишете на левата страна. Повторете ја вежбата 5 пати.

Движење 3: Твист

Држејќи ги рацете на страна, издишете и вртете го телото на десно. Вдишете враќајки се во центар и свртете се на лево. Повтерете 5 пати.

 

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag