11% од светското население има проблем со тежината

27 мај, 20110
WH_fat_girls

Ова истражување покажува дека секој девети жител во светот има потешкотии со справување со дебелината, што изнесува 11% од целата популација.

Експертите се загрижени, бидејќи значтелно се зголемува бројката на дебели луѓе, дури и пред 30 години бројот беше два пати помал.

Овие податоци беа објавени во медицинското списание “The Lancet”. Тоа е резултат на долгогодишната работа на група научници од Харвард и нивните колеги од Велика Британија. Тие го проверувале нивото на холестерол, крвниот притисок и индексот на телесна маса (БМИ) кај луѓето од целиот свет од 1980година. Истражувањата покажуваат дека жените почесто страдаат од прекумерна тежина за разлика од мажите. Најголем број на дебели луѓе живеат во земјите со високо ниво на профит.

Најголем пораст на БМИ во текот на последниве 28 години е забележан кај граѓаните на САД, Нов Зеланд е на второто место, а ги пратат и Австралија и Велика Британија. Овој проблем има најмало влијание во Јапонија. Девојките и жените од Русија и Молдавија се најдебели во Европа. Помеѓу мажите во Европа, граѓаните во Чешка и Ирска се соочуваат со овој проблем повеќе од останатите. Нјдебелите луѓе во светот живеат на Тихиот Океан, додека најслабите дами се во Швајцарија, а французинките и италијанките го завземаат второто и третото место.

Според експертите од оваа област, ризикот од дебелеење може да се намали со помош на редовни прегледи, намалување на употребата на сол и масти кои му наштетуваат на нашето здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi