12 најважни ерогени зони кај мажите

1 август, 20110
12 najvazni erogeni zoni kaj mazite

Повеќето припаднички на понежниот пол сметаат дека единствената ерогена зона кај мажите е пенисот, меѓутоа ако навистина е така, сексот би бил многу досаден. Време е да ги откриете местата каде допирите најмногу ги возбудуваат мажите и бидете сигурни ќе ве сака уште појако. Значи, и мажите како и жените имаат многу точки на телото кои потекнуваат сексуална возбуда.

1. Ушите
Ушите се една од клучните ерогени зони кај мажите. Бакнувањето на ушите предизвикува вистинска ерупција на задоволство. Постојат повеќе начини на кои можете да ги милувате. Останува на вас да откриете што најмногу го возбудува. Обратете внимание и на пределот позади ушите.

2. Вратот
Нежниот допр на вратот ќе го ослободи од напнатост. Ако го грицнете нежно на тоа место бидете сигурни дека нема да се буни. Нема ништо лошо ако го гризнете и малку појако бидејќи на тој начин ќе му покажете колку навистина го посакувате. Пределот на вратот каде почнува да расте коста истотака е многу опасно. Поминете нежно со прстите по тоа место и по неговите реакции ќе видите колку тоа го возбудува.

3. Главата и коста
Нема ништо лошо ако сексуалната игра ја почнете со масажа. Чешкањето и милувањето на пределот на главата допринесува за возбудата поради големата концентрација на нервни заврсетоци.

4. Горната усна
Ова е најосетливиот дел од лицето. Обидете се со нежни бакнежи и со грицкање на пределот межу горната усна и носот.

5. Внатрешноста на подлактицата
Ова може да го скокотка, но истовремено силно ќе го возбуди. Со врвовите на прстите бавно милувајте го ова подрачје и со сигурност ќе ги разбудите сите негови чула.

6. Брадавиците
Сетете се колку вас ве возбудуваат допирите во овој дел на телото. Затоа, фатете се за работа. Со лесни движења масирајте му ги брадавиците. Сигурни сме дека нема да ви остане должен.

7. Дланките
Додека со нежни и лесни движења следете ги линиите на неговата дланка, цело време гледајте го во очи бидејќи вашиот заводнички поглед ќе бредизвика дополнителна возбуда. Ова може да се обидете да го направите и во јавност. Тогаш е целосно немоќен, а не треба да ви кажуваме што ќе се случи кога ќе се најдете меѓу вашите четири ѕидови.

8. Љубовната патека
Линијата меѓу папокот и половиот орган се вика љубовна патека. Кај мажите овој предел е многу осетлив, па мора да бидете многу нежни бидејќи некои движења можатда му предизвикаат болка. Ставете ги дланките на неговиот стомак и кружете, во почетокот силно а потоа поспоро. Полека спуштајте ги дланките кон половиот орган.

9. Бедрата
Оваа зона е полна со нервни завршетоци, а на мажите им се допаѓа ако му се доближите и го гризнете. Тоа незаборавно чувство на топлина му минува низ целото тело. Немој да се исплашите ако завреска.

10. Колената
Ним им е секси и ако само ги допрете за коленото. Галете му ги колената за а ги разбудите нервните завршетоци. Пределот зад колената истотака силно ги возбудува. Меѓутоа, повеќето жени забораваат на овој дел на телото.

11. Стапалата
Пронајдете ја вистинската точка на стапалото и тој ќе се почувствува како да доживува повеќекратен оргазам. Ако силно му ги масирате табаните по целата должина, ќе има чувство како тоа да му го правите на пенисот. Кожата околу глуждот е истотака тенка и многу осетлива. Вие само мора да ја следите тетивата од зглобот до листот.

12 Прстите на нозете
Цицањето на нжните прсти предизвикува возбуда кај повеќето мажи. Почнете од најмалиот прст, па бавно преминувајте на другите. Нежна масажа меѓу прстите ќе го ослободи од стресот кој подолго време се собирал на вратот и рамењата, бидејќи сето тоа е поврзано.


 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *