12 тајни на професионалните дизајнери на ентериер

26 јуни, 20110
Purple Georffrey Bradfield Architectural Digest

Откријте ги триковите кои ги користат професионалците со цел да го трансформираат животниот  простор и да го направат да изгледа модерно, функционално и пријатно за око.

Украсувањето на вашиот дом може да бара многу време од вас, но понекогаш се што е потребно е еден детал за просторот да изгледа како целина. Ви презентираме неколку трикови кои дизајнерите на ентериерот ги користат за да го трансформираат внатрешниот простор.

Обојте го намештајот. Посебно ако се работи за стар намештај кој го имате добиено на поклон додека не се снајдете. Слојот од боја ќе му даде “фејслифтинг” додека не дојдете во состојба да си овозможите замена, а ако имате некој распар парче, истата боја ќе направи тие да изгледаат како да се заедно. Добро исшмирглајте го намештајот со ситена хартија за шмирглање, потоа пилевина помешајте со лепак и пополнете ги малите дупчиња и засекотини, ако ги има. Потоа со боја по желба, но со висок сјај, распаднатите парчиња претворете ги во одличен старински намештај.

Додадете агли. Најголем дел од луѓето го залепуваат намештајот за ѕид или го поставуваат во ќошовите. Ако само едно парче го свртете под агол, ќе добиете интересен изглед за целата соба. Во дневната соба тепихот свртете го за 30 степени во однос на каучот, или трпезариската маса ставете ја под агол ако трпезаријата продолжува во дневната соба.

Залепете тапети во јаки бои во ходникот. Тој простор обично има малку намештај и многу е досаден, затоа развеселете го со шарени и живи бои кои веднаш ќе дадат нов тон и на остатокот од вашата куќа.

Измешајте го осветлувањето. Голема столна ламба може да го промени стѕилот на вашата соба. Во многу продавници се купуваат абажури за ламби па изгледот на собата можете да го менувате на неколку недели. Ако ниту една не ви се допаѓа, направете нешто сами со помош на неколку летви и текстил.

Пронајдете ситници во локалната работилница на занаетлии кои можат да имаат своја примена во вашата соба. Постои одредена количина на автентичност која доаѓа од самите парчиња.

Обојте го плафонот! Луѓето го забораваат плафонот, иако тој зазема една шестина од површината на просторијата. Изберете светла боја ако сакате визуелно да го “подигнете” плафонот или потемна нијанса од ѕидовите ако сакате да направите да изгледа пониско.

Закачете огромно огледало во единствен облик во дневната соба. Тоа ќе го отвори просторот, ќе додаде светло и гламур.

Пејнтбраш на ѕидот изгледа совршено. Само морате да изберете мотив кој навистина ќе ја опишува личноста која живее во тој стан. Можете да додадете и пердуви, монистра, матријали со цел сликата да добие трета димензија. Ако тоа ви е премногу комплицирано, налепници за ѕид ќе ја завршат работата.

Инвестирајте во голема уметничка слика или скулптура. Завршете ја домашната задача – прегледајте што галериите ви нудат и што вреди да се купи, консултирајте се со познавачи на уметноста, изберете нешто што сдакате, и не се грижете за тоа дали ќе одговара на бојата на навлаките – големите уметнички дела траат доживотно и директно влијаат на реновирање, реставрација или креирање на остатокот од вашата соба.

Едно необично парче намештај на собата и дава печат на вашата личност. Помислете на ламба од исушено извиткано дрво на работната маса, рустичен ќилим на ѕидот, збирка на трофеи или полици од гранки од дрво кои сте ги пронашле покрај реката и сте ги лакирале.

Перничиња! Користете ги и додадете бои во секоја просторија. Тие најлесно го освежуваат просторот и можат лесно да се вклопат во постоечката шема на бои.

Што подобро искористете го природното осветлување. Тргнете ги тешките драперии и ролетни. А потоа користете завеси во природни нијанси од потенка ткаенина и природни материјали.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi