Работи кои не смеете да му ги кажете на момчето
26 јуни, 20110

Од сериозни до хумористични, следат неколку фрази кои никако не смеете да ги изговорите пред момчето, барем не на глас.
- Намера за флерт – “Твојот најдобар другар е навистина згоден“.
- Искрени чувства – “Не можам да ја поднесам мајка ти“.
- Премногу искреност – “Всушност, ти не си најдобриот со кој сум била“.
- Поранешни момчиња – “Вчера размислував за поранешниот…“.
- Премногу лично – “Мислам дека ти опаѓа косата“.
- Преминување на границите – “Ти ги прочитав пораките додека се тушираше“.
- Плеткање со семејството – “Охо, брат ти сега е слободен“.
- Hello Kitty – “Мојата мачка ми е најважна“.
- Премногу нападно – “Мислам дека треба да се депилираш“.
- Премногу брзо – “Отсекогаш сонував за голема венчавка со 500 гости во некоја палата, а ти?
- Тагување за пропуштеното – “Навистина ми е жал што не го сретнав твојот цимер пред тебе“.