
Петнаесетгодишно момче украло трамвај во областа Челјабинск во Урал, тоа 40 минути го управувало трамвајот и превезувало патници на редовната линија.
Момчето го украло трамвајот од градската гаража и цели 40 минути управувало со него.
“Веќе извесно време тој е заинтересиран за трамваи и присуствувал на предавања за ракување со возилото. Официјалните лица ја информираа полицијата за исчезнувањето на трамвајот”, изјави еден полицаец.
Полицијата започна истрага за злоупотреба на јавниот транспорт.
За ова дело момчете се соочува со казна до пет години затвор, но се очекува да се избегне казната затвор поради неговата возраст, а и затоа што немало лоши намери.Храбро