
Бентли го претстави MULSANNE, новиот елегантен седан со 4 врати, предводник во grand tourer класата. MULSANNE е инспириран од 8-литарскиот модел на Bentley од почетокот на 1930-тите години, автомобил чиј огромен вртежен момент му даде репутација на завидни топ-перформанси. MULSANNE се напојува со преработената верзија на 6,75-литарскиот V-8 мотор на Bentley.
Името MULSANNE е всушност името на најдолгиот агол од познатата патека Ле Ман во Франција. Bentleys буквално доминираше на тоа место во раните денови со не помалку од пет победи во овој 24-часовен спектакл, во 1924 година и од 1927-1930. Подоцна Bentley ја зема највисоката награда во Ле Ман во 2003-та година.
MULSANNE дели стилски карактеристики со моделот Continental, GT и GTC (кои се со цена од околу $ 170,000 до $ 250,000). Земајќи ја титулата “предводник на grand tourer” Bentley го позиционира MULSANNE како луксузен и престижен седан со 4 врати сличен на моделот Bentley Brooklands (купе со цена од околу $ 350,000, кое е исто така именувано според позната тркачка патека).