15 спортисти кои имаат банкротирано

popara12 јули, 20113min00
mike_tyson_wall_2005_1280

Во 2008 година Здружението на НБА играчите тврдеше дека дури 60% од професионалните кошаракари остануваат шворц по 5 години откако ќе се пензионираат.

Но исто има и многумина од спортистите кои своите големи плати ги вложуваат во разни бизниси, додека пак другите купуваат скапи автомобили, куќи, па кога чековите ќе престанат да пристигнуваат на нивна адреса немаат што многу да покажат.

Еве неколку спортиси кои имаат банкротирано:

1. Latrell Sprewell – кошаркарот кој се обиде да го задави својот тренер,а поради тоа заработил суспензија од 68 натпревари. Но и покрај тоа тој ја продолжи кариерата и заработи скоро 100 милиони долари. Крајот дојде кога тој го одби три годишниот договор од Minnesota Timberwolves во вредност од 30 милиони долари. Кошаркарот тогаш изјави “тоа не се доволно пари, јас имам семејство да хранам“. Менаџментот на тимот не беше загрижен за неговата изјава, и се разбира не му дадоа ни цент над понудената сума. Така кошаркарот на крајот од 2005 година остана невработен. До 2007 година, му беа запленети јахтата и куќата поради неплатени рати за осигурување.

Latrell Sprewell

 

2. Mike Tyson – долги години, не постоеше боксер кој беше страшен како познатиот “Железниот Мајк“Тајсон. Првите негови 19 професионални борби ги добил со нокаут и тоа повеќето од нив во првата рунда. Многу бргу стана светски шампион во тешка категорија. Но, во 1992 година, беше осуден за сексуален напад и одслужи три години во затвор. Белег на неговата кариера остави со неславното загризување на увото на Холифилд за време на борбата во 1997 година. Тајсон беше дисквалификуван, а по оваа борба тој никогаш повеќе не победи на ниту еден шампионат. Парите не би требало да бидат проблем за Мајк, кој имал заработено над 400 милиони од неговата боксерска кариера, сепак тој ги трошел на луксузни коли, вили и тигри како домашни миленичиња. На крај должел 9 милиони за разводот и 13 милиони на управата за јавен приход.

Mike Tyson

3. Kenny Anderson – овој кошаркар заработи 60 милиони долари во НБА лигата каде играше за девет различни тимови. Беше во брак три пати, а првиот развод од сопругата Tami Akbar го чинело многу. Таа заминала со половина од неговите средства, а тој бил обврзан да плаќа 8500 долари за алиментација. Тој поседувал куќа во Беверли Хилс и осум луксузни автомобили. Сепак, во времето кога тој банротираше месечните торошоци му беа 41.000 ддолари.

Kenny Anderson

4. Michael Vick – одбрамбениот играч на Филаделфија Иглс во рагби спортот, замина во тимот на Атланта Фалконс со 62 милиони договор за шест огдини и 3 милиони долари бонус за приклучувањето. Потоа, само три години подоцна, тој потпиша десетгодишен договор вреден 130 милиони долари, што го направи најплатениот играч во НФЛ лигата. Се одеше како подмачкано за овој рагбист, се додека не отиде во затвор во 2007 година, поради учеството во нелегалните борби на кучиња . така тој мораше да лежи две години во затвор, ја загуби својата плата, потпишаните договори, па дури и спонзорството од Нике, едноставно беше принуден да прогласи банкрот.

Michael Vick

5. Dorothy Hamill – во 1976 година оваа девојка го доби златниот медал на Олимписките зимски игри во уметничко лизгање. Така таа стана американска миленичка, а и лице во многу рекламни кампањи за познати компании.  Но неколкуте лоши бизнис потези кои ги направила ја чинеле многу. Така таа во 1996 година прогласила банрот. По третманите кои ги имаше во 2008 година, поради болеста рак на дојката, таа повторно застана на нозе, со лизгање денеска се занимава полу-професионално.

Dorothy Hamill

6. Jack Clark – тој играше за неколку безбол тимови помеѓу 1975 и 1992 година. Во 1992 година за време на неговата втора година во тимот на Сокс, тој прогласи банрот, а листата на долгови чинеше неверојатни 7 милиони долари, а 400.000 беа долгови за даноци кон државата. Тој имал луксузни автомобили и  куќа од 2 милиони долари, на крајот се изгубил.

Jack Clark

7. Marion Jones – нејзината кариера започна како една од најинспиративните приказни на летните олимписки игри во Австралија во 2000 година. Сестраната атлетичарка замина со три златни и 2 бронзени медали. Сепак, нејзиниот поранешен сопруг сведочеше под заклетва дека токму тој ја видел како таа си става инјектира стероиди во нејзиниот стомак. Таа тоа го негирала, дури и пред судиите. Сепак на крајот таа го призна сето тоа, а тоа ја чинеше скоро живот. Не само што требаше да ги врати медалите освоени во Сиднеј, туку и лежеше затвор шест месеци. Сега нејзините финансиски трошоци се преголеми, поради тоа што таа ги трошела на свокати и правни заштитници. На Мерион и беше запленет домот во Северна Каролина, а плус мораше да ја продаде и куќата на својата мајка.

Marion Jones

8. Derrick Coleman- кога Џерси Нетс гоодбраа овој кјошаркар во 1990 година, тоа изгледаше како цврст избор. Тој беше споредуван со Чарлс Баркли и постоеше надеж дека ќе постигне и подобри перформанси. Но, тоа не се случи. Не само што беше многу често повреден и поради тоа  пропушташе натпревари, тој имаше постојана тенденција да се дебелее и да консумира големи количини на алкохол. Тој имал заработен 87 милиони долари во својата 15 годишна кариера. Во 2010 година прогласи банкрот, а неговите трошоци биле над 4 милионо долари, а должел на многу доверители.

Derrick Coleman

9. Scottie Pippen – овој кошаркар сигурно се памети најповеќе во времето кога играше за Чикаго Булс. Тој има освоено шест НБА првенства. Тој исто така е еден од ретките спортисти кој има освоено и НБА првенство и Олимписко злато во иста година. Ништо неможеше да го спречи губењето на неговите 120 милиони долари заработени пари од кошарката.

Scottie Pippen

10. Antoine Walker- моментално овој кошаркар игра за Ајдахо во НБА лигата. Во кариерата која му трае 15 години тој има играно со многу НБА тимови, има совоено само едно првенство, а наводно заработилк досега 110 милиони доалри. Сепак, во мај 2010 тој прогласи банкрот, тврдејќи дека неговите сретства изнесувале 4 милиони, додека неговите торшоци и 13 милиони. Проблемите на оовој кошаркар започнале откако станал коцкар, а беше уапсен во 2009 година.

Antoine Walker

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag