Конечно лекарите открија зошто Wang Tianqing пател од епилепсија повеќе од две децении. Два сантиметри ‘рѓосан куршум кој бил главата на еден фармер веќе 23 години, конечно е отстранет во локалната болница. Во 1988 година Wang Tianqing кој живее во градот Zhangjiakouin во северната кинеска провинција Hebei, поради удар во главата паднал во безсознание. “мислев дека бев погоден од чатал“, изјавил тој. Потоа се разбудил во болнички кревет, му биле дадени анти-инфламаторни лекови од страна на докторите и бил пуштен дома. Набргу потоа тој почнал да има епилептични напади, кои постепено се зголемувале со тек на годините и станувале се полоши. На последниот преглед каде бил поради неговата состојба на контрола, бил забележан куршумот со помош на скенирање. Присутниот хирург од неврохируршкото одделение Wang Zhiming, изјавил дека веројатноста за преживување доколку сте застрелан во глава е еден во илјадници, но во овој случај куршумот не ги погодил главните мозочни вени и не го повредил мозочното стебло.