Порше: специјална изведба за Кина
31 мај, 20110

Најпопуларниот модел на Порше, ќе добие специјална изведба со што ќе обележи 10 години од постоење на кинскиот пазар.
Специјалниот дизајн ќе се изведе на моделот 911Турбо С, а ќе биде произведена во само десетина примероци. Знак за препознавање на 911 за пазарот на Кина, пред се е златниот надворешен изглед, потоа каросериските детали од карбонот и 19-инчните Спорт класик тркала. Кога е моторот во прашање задржан е турбо 3,8 со 523КС и 700Нм. Опремен со менувач со 7 брзини, забрзување од 100км на час за 3,3 секунди и постигнува 315км на час.